Достапни линкови

Пресудата на Хаг не го решава спорот за името


Меѓународниот суд во Хаг следниот месец ќе ја соопшти пресудата по тужбата на Македонија против Грција.
Меѓународниот суд во Хаг следниот месец ќе ја соопшти пресудата по тужбата на Македонија против Грција.

Без оглед дали е позитивна или не, според дел од домашните експерти, одлуката нема да има поголемо влијание врз Грција да не го блокира македонското членство на идниот самит на НАТО во Чикаго

Независно од тоа каква ќе биде пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, Македонија треба да го решава проблемот за името со Грција.
Очекувано е поволна пресуда во корист на Македонија да влијае на преговарачкиот процес и да предизвика реакции кај другата засегната страна, но многу веројатно е дека пресудата нема да биде чисто позитивна или негативна за нас, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

„Судиите што се таму се некогашни амбасадори во ОН коишто се запознати со другата, политичката димензија на спорот и не сум сигурен дека ќе ја стават целата тежина во овој акт како институција, на било која од двете страни.“

Македонија бара од судот да и наложи на Грција да ги почитува своите обврски предвидени со Привремената спогодба и да не го блокира македонското членство во меѓународни организации. Според Малески, нереално е да се очекува дека Грција нема да ја повтори истата постапка и пред следниот самит на НАТО, односно дека нема да го блокира нашето членство во оваа организација.
Грција нема да ја спроведе одлуката автоматски, во смисла дека на наредниот самит во Чикаго да речеме дека ние ќе бидеме примени во НАТО, едноставно судот нема да принуди една држава ако тоа не сака да го направи.

Денко Малески, универзитетски професор.

„Грција нема да ја спроведе одлуката автоматски во смисла дека на наредниот самит во Чикаго да речеме дека ние ќе бидеме примени во НАТО, едноставно судот нема да принуди една држава ако тоа не сака да го направи.“

Во меѓувреме, Грција испрати порака до македонската влада да не се мешаат пресудата во Хаг и преговорите за спорот за името. Портпаролот на грчкото МНР, Грегори Делавекурас изјави дека двете процедури треба да се разграничат и дека политичките преговори во рамките на Обединетите Нации имаат зацртано цел и одговорности за кои двете страни треба да преговараат.

Професорот по меѓународно право, Владимир Ортаковски вели дека ако судот ја одбие тужбата, Македонија ќе остане во статус кво позиција.

„Токму така како што било и досега, значи би продолжила грчката блокада за нашиот прием во НАТО и ЕУ до добивање датум за отпочнување преговори.“

Но, што доколку пресудата биде во корист на Македонија? Ортаковски објаснува дека Грција ќе биде обврзана истата да ја почитува.

„Такви се правилата на Меѓународниот суд на правдата, Грција не би можела да биде исклучок бидејќи пресудата е конечна и извршна, нема втора инстанца, нема алепација.“

Инаку Меѓународниот суд во Хаг на 5 декември ќе ја објави пресудата по тужбата на Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирање на македонскиот прием на НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG