Достапни линкови

Единство за извештајот на ЕУ


Покрај изјавата на премиерот дека критиките во извештајот се пренагласени, Комисијата за евроинтеграции оцени дека извештајот е реален.

Оценките и коментарите содржани во извештајот се одраз на реалните сосотојби во Република Македонија. Овој заклучок од собраниската дебата се разликува од неодамнешната изјава на премиерот Никола Груевски во која меѓу другото изјави дека дел од забелешките во извештајот биле пренагласени.
Нема да помогне во обезбедување на притисок за решение за името стратегијата за пренагласување на одредени забелешки во однос на судството и јавната администрација во склоп за наводниот проблем со слобода за изразување и тоа во услови кога три години спроведуваме суштински реформи во овие сфери.
Никола Груевски, премиер.

„Нема да помогне во обезбедување на притисок за решение за името стратегијата за пренагласување на одредени забелешки во однос на судството и јавната администрација во склоп со наводниот проблем со слобода за изразување и тоа во услови кога три години спроведуваме суштински реформи во овие сфери“, изјави неодамна Груевски.

Иако и собраниската расправа за извештајот за напредокот на земјава помина во тензична атмосфера и со меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата за тоа дали тој е позитивен или негативен, заклучокот само потврди дека одредени пропусти има и мора да се работи на нивно надминување, вели политичкиот аналитичар Владимир Мисев.
Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање и премиерот Никола Груевски.
Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање и премиерот Никола Груевски.

„Партиите на власт ќе се обидуваат да ја минимизираат важноста на препораките и ќе слушнеме се. Но, на крај, сепак ќе дојде време кога ќе мораме да ги направиме тие реформи и да ги усвоиме законите што се предлагаат.“

Собраниските заклучоци се одраз на едно зрело размислување на парламентаците и признание дека треба да се направи нешто повеќе за да се осигура патотот кон евроинтеграциите, посочува универзитетскиот професор Алајдин Демири.
Не може Комисијата да одлучи онака како што зборува премиерот. Премиерот има мандат за зборува, но Комисијата има друг мандат, составена е од повеќе партии и повеќе ентитети за посериозно да ги чешла тие работи.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Не може Комисијата да одлучи онака како што зборува премиерот. Премиерот има мандат за зборува, но Комисијата има друг мандат, составена е од повеќе партии и повеќе ентитети за посериозно да ги чешла тие работи.“

Од друга страна, пак, аналитичарите укажуваат дека ваквиот тип заклучоци се аморфни. Мисев вели дека извештајот ја констатира фактичката ситуација во земјава, а собраниската потврда за тоа дека истиот ги одразува реалните состојби не е ништо ново.

„Ако Собранието смета дека треба да се треба да се направи проценка на состојбите, тогаш може да направи таква проценка. Меѓутоа, она што треба да направи Собранието конкретно со ваквите извештаи е да постапи по нив, а не да се заклучуваат самите извештаи дали се реални или не се реални.“

Во дел од заклучоците на Собранието, меѓудругото со жалење се констатира отсуството на придавката „македонски“ во Извештајот, а Собранието ја повикува Европската комисија, согласно принципот на почитување различности, без одложување да ја преиспита неупотребата на придавката „македонски“ во контекст на јазиците и културните особености во Република Македонија, а согласно официјалната терминологија на Обединетите нации.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG