Достапни линкови

Нерационално трошење на народни пари за јавни набавки


Трошење народни пари без јавен оглас и се` повеќе пропаднати тендери. Ова се само дел од забелешките за јавните набавки од почетокот на годинава.

Двојно повеќе пари потрошени на договори за кои немало јавен оглас, зголемен број на поништени тендери и високи критериуми за конкурирање. Ова се главните забелешки во кварталниот извештај на Центарот за граѓански комуникации за процесот на јавни набавки. Ваквите информации се важни за јавноста бидејки се трошат народни пари, вели Герман Филков од Центарот.
Индексот за рационалност за системите за инфузија покажува дека една Јавна здравствена установа платила 208 пати повеќе од просечната цена за пакување од 100 системи. Извор: Центар за граѓански комуникации

„Битни се, многу се битни, затоа што ќе значат порационално, поцелисходно и поефективно користење на народните пари, односно на парите што сите ние ги плаќаме.“

Во извештајот за индексот на рационалност, кој се одредува од споредбата на 5 до 6 производи кои ги купуваат повеќе здравствени институции , се забележуваат разлики во цените на набавените материјали од 22 до 450 проценти. Филков дополнува:
Во македонските државни институции има широк простор за намалување на цените, односно за порационално трошење на јавните пари.
Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

„Ова покажува дека во македонските државни институции има широк простор за намалување на цените, односно за порационално трошење на јавните пари.“

Проблеми се забележани и во тендерските постапки, од кои претставникот на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ, ги издвојува поништувањата на тендери, поставувањето на високи критериуми и загрижувачки големиот раст на непосредни спогодби.

„Уделот на поништените постапки во вкупно спроведените тендери станува се` поголем и поголем. Во примерокот што го анализиравме од периодот април – мај – јуни, дури секој трет тендер беше поништен.“

Вредности на непосредните договори во првите квартали годинава и лани. Според податоците на Центарот за граѓански комуникации порастот е 129 проценти. Договорите се склучувале со преговарање без претходно објавување оглас.
x
Вредности на непосредните договори во првите квартали годинава и лани. Според податоците на Центарот за граѓански комуникации порастот е 129 проценти. Договорите се склучувале со преговарање без претходно објавување оглас.

Во мониторингот на организацијата се забележува и пораст на склучени непосредни договори без објавување на јавен повик. Во првиот квартал годинава има двојно повеќе вакви договори во споредба со лани. Факиќ објаснува:

„Со оглед на отсуството на транспарентност во оваа постапка сосема е јасно дека таа остава простор за субјективно одлучување и создава основи за појава и ширење на коруптивни практики во сферата на јавните набавки.“

Антикорупцискиот експерт Вања Михајловска вели дека има тренд на намалување на конкуренцијата при јавните набавки.

Во примерокот што го анализиравме од периодот април – мај – јуни, дури секој трет тендер беше поништен.
Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.

„Во многу постапки се појавува само една фирма, значи тоа е еден сигнал кој што е многу сериозен. Дали однапред знаат дека нема да бидат избрани? Дали критериумите се така направени што не можат да ги исполнат сите? Особена бариера претставуваат за малите и новите фирми. Ако барате најмалку две години или три години да работел, па да имал не знам колку договори ... Општата цел на државата е, нели, поттикнување на приватниот сектор со цел намалување на невработеноста. Како ќе ги поттикнеме ако тие не можат да учевствуваат на јавниот тендер?“

До сега неколку организации од невладиниот сектор кој работат во областа на борбата против корупцијата, на неколку наврати забележаа нетранспарентност во јавните набавки.
XS
SM
MD
LG