Достапни линкови

Квантитет наместо квалитет


Сега има факултет во речиси секој град, се оди на масовност, а квалитетот на наставата остана занемарен, сметаат некои од универзитетските професори.
Сега има факултет во речиси секој град, се оди на масовност, а квалитетот на наставата остана занемарен, сметаат некои од универзитетските професори.

Силна образовна кампања, отворени многу приватни факултети, дисперзирани студии... Но, колку квантитетот во високото образование, не е на сметка на квалитетот?

Што се случува кога квалитетот ќе му се подреди на квантитетот, во високото образование?! Ќе се изродат „боси“ генерации, неподготвени да почнат да работат и по неколку месеци од завршувањето на студирањето. И не само тоа, ако се водиме од максимата „На младите светот им останува“, не ќе има на кога да му го оставиме светот.
На Машинскиот факултет во Виница се запишани 83 кандидати, а таму наставниот процес го одржуваат тројца професори коишто предаваат по 15 предмети. За каков квалитет зборуваме ние
Тале Герамитчиоски, универзитетски професор.

Четири години од проектот „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ во Македонија. Можеби е малку време за некои посериозни анализи, ама доволно да се види дали земјата, почнува да наликува на земја на знаење. Во својот Манифест за реформи и развој на владечката ВМРО-ДПМНЕ во главата насловена, токму така - Македонија-земја на знаење, пишува за проектите на Владата, а ги има побааѓи, распоредени на 22 страници, за тоа што направиле, што планираат, како, зашто. Но, како што рекол нашиот народ, есапот дома и на пазар не излегува секогаш како што е планирано.

Веќе неколку години во земјава, има силна образовна кампања. Се отворија нови универзитети, речиси секој град доби своја високообразовна катедра, воведени се новини во име на европските стандарди. Намалени партипациите за студирање. А со тоа и впечатоците дека сега е многу полесно да се запишеш на факултет, дека полесно се студира, дека секој може да стане магистер. Од тука и заклучоците на експертите дека на сметка на квантитетот, загубил квалитетот во високото образование.

Има многу фирми кои во своите огласи за работа, стрикно наведуваат дека не сакаат студенти произлезени од одредени факултети, велат од Берзата за вработување
x
Има многу фирми кои во своите огласи за работа, стрикно наведуваат дека не сакаат студенти произлезени од одредени факултети, велат од Берзата за вработување

Образованието е поевтинето, кадарот лошо образуван, а продуктот, односно учениците излегуваат неписмени, сметаат експертите.

Концептот на владеачката партија во концептот на високото образование е продуцирање на квантитет, кој сам по себе секогаш се негира со квалитетот, вели поранешниот заменик министер за образование и универзитетски професор, Тале Герамитчиоски.

„Особено на дисперзираните студии не постојат елементарни услови, тие отворија дисперзирани студии во безмалку секое село, втор механизам за квалитет според Болоња е воспоставување на наставен процес. Ќе ви кажам дека тие наставниот процес не го организираат од проста причина што третиот параметар, човечките ресурси, професорскиот кадар неможат да ги најдат.“

Неколку години наназад, над 95 проценти од матурантите се запишуваат на факултет. Се зголемува процентот на оние кои дипломираат, а видно се зголемува и процентот на луѓе кои се здобиле со звање магистер или доктор на науки. Проектот „Сите на факултет“ ги изроди и првите кадри, но како тие се снаоѓаат на пазарот на трудот?

Има многу фирми кои во своите огласи за работа, стрикно наведуваат дека не сакаат студенти произлезени од одредени факултети, затоа што сметаат дека тоа се неквалитетни кадри, вели Дарко Велков од Берзата за вработување.

„Веќе во моментов фирмите имаат одлично чувство да препознаат добар кандидат и да препознаат од кој факултет доаѓа. На повеќето од фирмите не им пречи, но на одредени поголеми фирми им пречи и се интересираат и за факултетот.“
Веќе во моментов фирмите имаат одлично чувство да препознаат добар кандидат и да препознаат од кој факултет доаѓа. На повеќето од фирмите не им пречи, но на одредени поголеми фирми им пречи и се интересираат и за факултетот
Дарко Велков, Берза за вработување.
Универзитетите и стопанството треба да соработуваат, но тука имаме недостаток, вели професор Ненад Новковски, кој е и поранешен министер за образование.

„Клучниот проблем е што нашето стопанство не прави вистински развој, универзитетот му е пред се потребен за насочување кон идното производство, прво развојот на новите технологии, пренесувањето на постојните технологии и усвојување на новите технологии и затоа универзитетот треба да обезбеди едновремено и кадар кој што ќе може да прави развој и кој што ќе може да се вклучи во современите начини на производство. Клучниот проблем е тоа што државата неможе да се развие без следење на најсовремените технологии.“

Поранешниот министер за образование Никола Тодоров, непосредно пред да премине на функцијата министер за здраство, им порача на идните студенти да избираат професии кои се барани на пазарот на трудот, кои нудат перспектива и подобар животен стандард.

„Ова е веројатно една од најбитните одлуки што треба да ја донесат затоа што кога се ракуваат од конкретни бројки, егзактни податоци многу се помали шансите да направат грешка и да одберат професија којашто подоцна во животот ќе биде проблем да најдат вработување“, рече пред два месеци Тодоров.
Пред неколку години Владата започна со проектот дисперзирање на студиите, па така речиси секој град си доби факултет
x
Пред неколку години Владата започна со проектот дисперзирање на студиите, па така речиси секој град си доби факултет

Агенцијата за вработување, подготвила анализа според која студентите се многу повеќе заинтересирани за општествените науки отколку за техничко-природно математичките науки. Најмал е интересот за технолошките и земјоделските.
Пред неколку години Владата започна со проектот дисперзирање на студиите, па така речиси секој град си доби факултет. Некои од нив заживеаа, поголемиот дел од нив останаа со по два-тројца студенти и практично згаснаа пред да заживеат. Сега министерството за образование им остави на самите факултети да одлучат дали ќе се затворат некои од насоките поради малиот број запишани студенти.
Клучниот проблем е што нашето стопанство не прави вистински развој, универзитетот му е пред се потребен за насочување кон идното производство, прво развојот на новите технологии, пренесувањето на постојните технологии и усвојување на новите технологии
Ненад Новковски, универзитетски професор.

Анкетите покажуваат дека дисперзираните студии не наидуваат на одобрување кај професорскиот кадар. Студентите, пак, генерално имаат позитивен однос, студираат во сопствениот град или блиску до него, не трошат многу пари а и полесно може да дојдат до диплома.

Приказните како сега се студира, како се полагаат испити на одредени факултети, и споредбите со како било некогаш може ќе ви бидат и досадни. Секој од вас знае по барем еден пример, на тоа како детето на соседите кои имаше саде кецови во средно, ете го дипломира во рекордно време, а само два пати се појави на факултет. Или пак приказната за професорите кои не одат на предавањата кои се на некои од факултетите во помалите градови, туку го праќаат асистентот или пак се среќава со студентите само два пати во текот на семестар, да се запознаат и да им подели оценки. Или пак, за тоа како еден професор предава по неколку предмети, затоа што нема кој.

„На Машинскиот факултет во Виница се запишани 83 кандидати, а таму наставниот процес го одржуваат тројца професори коишто предаваат по 15 предмети. За каков квалитет зборуваме ние кога според новиот закон за високо образование еден професор треба да предава најмалку четири предмети во едно научно поле, а тие предаваат 15 предмети во 7-8 научни полиња“, вели Герамитчиоски.

Овај пат ќе останеме покуси за изјавите на студентите, не дека не сакаат да кажат како студираат, туку не сакаат да зборуваат јавно, велат дека сакаат да завршат што поскоро факултет, да земат диплома било каква и така знаењето сега не е баш на цена.
Па не може изолирано да се анализира ниту еден сегмент во државата, па ниту образованието, значи бродот и на образованието се движи во истата насока во кое се движи и општеството генерално, значи не е во вистинската насока
Сулејман Рушити, поранешен министер за образование.

Квалитетот на основното и средното образование е база на квалитетот во високото образование, смета поранешниот министер за образование и наука, Сулејман Рушити, кој најголемите проблеми во образованието ги гледа во непочитувањето на законската регулатива.
Квалитетот на основното и средното образование е база на квалитетот во високото образование, потенцираат експертите

Но, ако веќе системот не ги подобрува работите и не се грижи за квалитетот на образованието, тоа треба да го направи самата професорска фела, да не дозволи да го изгуби своето ниво, додава Рушити.

„Ако самите професори попуштаат, односно го олеснуваат начинот на студирање тогаш тие самите себеси се обезвреднуваат.“

Тој вели дека работите во образованието не е лесно да се променат за кратко време.

„Образованието е еден симболично и метафорично речено, еден огромен брод кој во овој момент ние кормилото го вртиме, ама бродот само некое време ќе се врти во насоката во која ние сакаме да го носиме. Затоа сметам дека во системот треба да се инвестира не формално, не дневно политички кои можеби во моментот не се придобивка за политиката, но сепак треба да се инвестира во иднината.“

РСЕ: Се движи ли „бродот“ наречен високо образование во правилна насока?

„Па не може изолирано да се анализира ниту еден сегмент во државата, па ниту образованието, значи бродот и на образованието се движи во истата насока во кое се движи и општеството генерално, значи не е во вистинската насока.“

Што зборуваат искустваа од нашето соседство. Во Словенија на пример се намалуваат квотите за бруцошите, а се настојува таа тенденција да продолжи и во иднина, поради неопходноста од квалитетно, наместо квантитетно образование.

Процесот на дисперзирани студии во Македонија е почнат во 2005 година како одговор на приватните универзитети и се' почестото заминување на завршените средношколци во соседна Бугарија. Тогаш 18 градоначалници, побарале да се дисперзираат факултетите и во нивните градови. Сенатот на УКИМ донел одлука да отвори дисперзирани студии на пет насоки - електротехничка, економска, правна, земјоделска и за медицина. Според планираното требало да се отворат факултети каде што има потреба и на петте насоки да се запишат по 100 студенти. Но, првичниот концепт се сменил, па сега има факултет во речиси секој град, се оди на масовност, а квалитетот на наставата остана занемарен.

Минатата година, Институтот Отворено општество Македонија, презентираше едно истражување според кое во последните пет години бројот на високообразовни институции се зголемил од 38 на 99, а бројот на студентите од 48.252 на над 70.000. Во презентираната анализа се забележува дека колку е поголем универзитетот толку има помалку дисперзирани студии. Најмалку има скопскиот „Свети Кирил и Методиј“, а најмногу Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Последиците од ваквите трендови во образованието ќе бидат многукратни и ќе се чувствуваат долго во нашето општество, велат експертите. Се трошат пари, се минира угледот на академската јавност и на високото образование.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG