Достапни линкови

Тензии меѓу учениците во Лопате


Родители и ученици пред основното училиште „Битолски конгрес“ во село Лопате
Родители и ученици пред основното училиште „Битолски конгрес“ во село Лопате

Учениците Македонци од селото Лопате не одат на училиште поради инциденти кои како што велат ги предизвикуваат учениците Албанци.

Околу триесетина основци од кумановското село Лопате два дена не одат на настава на македонски јазик во училиштето „Битолски конгрес“, поради инциденти кои ги предизвикуваат некои од нивните врсници Албанци. Родителите на основците Македонци велат дека додека не се обезбедат безбедни услови тие нема да ги праќаат децата на училиште. Наставниците Албанци и директорот, како и некои од жителите на селото велат дека тоа не е сериозен проблем и дека медиумите можат да создадат тензија. Во училиштето деновиве доаѓала и полиција, а свои искази дале и децата. Родителите на основците Македонци се револтирани поради инцидентите, но и од односот на директорот и наставниците.
Ги напаѓаат децата. И минатата година беше така и јас бев кај нивните родители.Тогаш се смирија, сега не се смируваат, затоа пријавив во полиција. Албанчињата дошле во училница, затвориле врата и ги малтретирале
Родител.

„Ги напаѓаат децата. И минатата година беше така и јас бев кај нивните родители. Тогаш се смирија, сега не се смируваат, затоа пријавив во полиција. Албанчињата дошле во училница, затвориле врата и ги малтретирале.“

„Го затвориле училиштето и со летви им се закануваат, поради што ние доаѓавме да ги извадиме од училиштето.“

Исплашени од врсниците Албанци, децата Македонци раскажуваат:

„Ни се закануваат со ножеви, со летви. Му кажуваме на дирекорот, а тој не презема мерки.“

Родителите додаваат дека кога децата барале помош од нив тие се обраќале до директорот, но немало резултати:

„Ножеви се вадат и се закануваат. Ги нема ниту дежурните професори. Децата не ги пуштаме на школо, се додека не се реши ова, директорот нека води сметка, а ние не планираме да ги селиме децата.“
Сме реагирале и имаме техничка служба и дежурни наставници. Затоа постои училишен одбор, наставнички совет и ќе ги надминеме тие проблеми.
Рамадан Алиу, директор на училиштето.

Родителите Македонци раскажуваат дека македонските основци користат подрумски простории и постојано се на електрични светилки, а не излегуваат ниту на голем одмор во дворот за да нема инциденти.

Директорот Рамадан Алиу вели дека имало само еден инцидент пред некој ден кој бил предизвикан од дете Албанче со пречки во развојот и дека други инциденти нема.

„Кога имало закани кога сме на почеток на учебна година, а и ако имало тоа не било во училиштето. Сме реагирале и имаме техничка служба и дежурни наставници. Затоа постои училишен одбор, наставнички совет и ќе ги надминеме тие проблеми.“

За основците кои учат во подрум, директорот вели дека е поради недостаток на просторот, а дека основците Македонци можат да излегуваат на голем одмор.

Повозрасните жители на Лопате велат дека и да имало инциденти тоа се само детски закачки и дека и во времето на конфликтот во селото немало проблеми а не треба да има ниту сега.

„Живеам со нив 53 години сме имале и кавги и почит. Ние ќе живееме уште 500 години заедно, дедо ми е роден тука и живееле и ќе живееме. Зарем да се селам јас или тој. Родителите нека одат кај директорот и нека се смируваат.“

Како ќе се надмине проблемот останува да одлучат надлежните, а неизвесно е кога тоа ќе се случи.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG