Достапни линкови

Кошаркарите не обединија


Славје за пласманот во полуфинале
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00
Директен линк

Неколку илјади граѓани вечерва се собраа на плоштадот Македонија во Скопје да ја прослават победата во четвртфиналето против домаќинот, Литванија, на ЕП во кошарка. Македонија задутре игра против Шпанија во полуфиналето. Ова е најголем успех на македонска

Она што го направија македонските кошаркари, досега не му успеало на ниту еден политичар. Национално единство, радост и среќа по синоќешната победа.

Леле што направивме, беше коментарот на нашиот кошаркар Владо Илиевски кој и ја донесе победата на Македонија во последните секунди на натпреварот со Литванија за место во полуфиналето на Европското Првенство. Македонската кошаркарска репрезентација го постигна најголемиот успех досега, а еуфоријата веднаш по завршувањето на натпреварот граѓаните ја искажаа на социјалните мрежи.
Преубаво се чувствувам, многу сум среќен, многу сум весел и не можам да ги искажам своите чувства.
Анкетиран граѓанин.

„Браво мајстори, браво херои.“

„Теренот беше нивни, навивачите беа нивни, судиите беа нивни.. Но победата...БЕШЕ НАША!“

„Поздрав до Литванците со песната Домаќине добри гости ви дојдоа.“

„Литванците продаваат карти за полуфинале.“

Но, интернетот не беше доволен да се долови среќата од толку посакуваната победа. Вистинското славје започна на плоштадот Македонија. Илјадници граѓани без разлика на возраста, националноста и партијата на која и припаѓаат спонтано се собраа да и изразат почит на македонската репрезентација во испишувањето на кошаркарската историја. Се пееја навивачки песни, се вееше македонското знаме.
Претседателот Ѓорге Иванов им се придружи на граѓаните што ја славеа победата против Литванија и пласманот во полуфиналето на плоштадот Македонија во Скопје.
x
Претседателот Ѓорге Иванов им се придружи на граѓаните што ја славеа победата против Литванија и пласманот во полуфиналето на плоштадот Македонија во Скопје.


Поубава енергија одамна немало на едно место, а за граѓаните важни беа само кошаркарите кои беа ѕвезди на вечерта.

Херои! Ќе ги чекаме на Аеродром, на раце ќе ги носиме до плоштад
Анкетиран граѓанин.

„Преубаво се чувствувам, многу сум среќен, многу сум весел и неможам да ги искажам своите чувства.“
Радост, среќа и обединетост меѓу граѓаните кои до раните утрински часови ја славеа победата

„Како се чувствувам? Превозбуден, не знам што да кажам. Македонија во полуфинале, тоа е чудо за нас.“

Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека кошаркарската репрезентација направи голем чекор напред во однос на националното единство на народот. Сите граѓани се обединија во радоста за нивната победа.

„Херои! Ќе ги чекаме на Аеродром, на раце ќе ги носиме до плоштад.“
Вакви настани се од круцијално значење за подигнување на ентузијазмот, оптимизмот и еланот на народот за една поголема сплотеност на луѓето.
Ѓорѓи Тоновски, социолог.

„Вакви настани се од круцијално значење за подигнување на ентузијазмот, оптимизмот и еланот на народот за една поголема сплотеност на луѓето и за една перспектива дека со активност и со едно искрено залагање можат да се постигнат резултати не само на спортски план, туку и воопшто на планот на целиот социјален живот.“

Не изостанаа и меѓународните признанија за нашата игра. „Непобедлива македонска фаланга“, „Сензација - Македонија ја исфрли Литванија“ и „Македонија го направи најголемото изненадување на шампионатот“, се само дел од насловите во медиумите. Во иднина се надеваме дека репрезентациите ќе бележат уште вакви резултати, бидеќи она што го направи спортот за граѓаните не успеа ниту еден политичар.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG