понеделник, јули 28, 2014 Скопје 18:22

Економија

Можен раст на цените

Поскапувањето на бензините може да предизвика раст на цените на другите производи и да влијае на инфлацијата, сметаат економските експерти.

Регулаторната комисија вчера одлучи бензините да поскапат за пет, а дизел горивото за три денари по литар. Како ваквата одлука може да влијае на останатите цени на производи? Објаснува Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори на Македонија:
Енергијата е трошок за претпријатијата, таа е импут на влезната страна и ако се зголеми импутот се разбира дека ќе се зголеми и излезот.

„Енергијата е трошок за претпријатијата, таа е импут на влезната страна и ако се зголеми импутот се разбира дека ќе се зголеми и излезот.“

Како причина за зголемувањето на цените од Регулаторната комисија го посочуваат враќањето во сила на надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што се плаќаат при увоз или производство, како и акцизата кај одделни нафтени деривати кои претходно Владата пред избори ги укина, формално во функција на намалување на цената.

Владата мора да биде внимателна со ваквите потези бидејки инфлацијата е многу чувствително прашање, вели Чекреџи:

Ќе удри ли поскапувањето на нафтата врз цената на лебот.

„Значи ова прашање е доста чувствително во моментов инфлацијата има надолна тенденција меѓутоа вие знаете дека енергенсите и храната доста значително влијаат, светските тенденции се за поскапување на овие две компоненти така што владата треба да биде внимателна, добро да пресмета, но значи може да интервенира со времена мерка и понатаму.“

Акцизите и другите надоместоци беа укинати пред избори, што создава сомнеж околу економската оправданост на мерката. Со вакви потези политичарите може да собираат поени пред денот на гласањето, смета политикологот Алберт Муслиу:

„Се зависи од која перспектива гледате на работата. Значи од перспектива на политичарите е исплатлива интервенција затоа што кај нас има слаба политичка меморија кај граѓаните, политичката култура како транзициска земја не е многу развиена, така што било кој ефект кој би помогнал во процесот на изборите за политичарите е позитивен, можно е и овој чекор да даде потег за време на изборите.“
Треба да видиме во наредните денови како ова ќе влијае врз другите цени, дали ќе предизвика поголем ценовен шок.

Зголемувањњето на цените секако е шок за граѓаните, вели Муслиу:

„Треба да видиме во наредните денови како ова ќе влијае врз другите цени, дали ќе предизвика поголем ценовен шок.“

Во Македонија се случи спротивното од тоа што се очекува во светот. Аналитичарите очекуваат дека падот на цената на суровата нафта ќе ги поефтини горивата на бензиските станици, покрај тоа што пртедизвика потреси на берзите. По една година лоша среќа, потрошувачите ќе гледаат како драматично паѓаат цените на бензиските пумпи во следниве недели, изјави за „МаркетВоч“ аналитичарот на „ПФГ Бест Рисрч“ Фил Флин.

Останува да се види дали воопшто ќе поефтинат бензините во Светот и земјава, и дали тој евентуален пад на цената на рафинираните производи ќе го ублажи шокот од враќањето на акцизата за бензините во Македонија.
Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: Дијана Град: Скопје
16.08.2011 20:39
+0 / -0
„Останува да се види дали воопшто ќе поефтинат бензините во Светот и земјава, и дали тој евентуален пад на цената на рафинираните производи ќе го ублажи шокот од враќањето на акцизата за бензините во Македонија.” / се оствари предвидувањево, само јас не би дала заслуга на власта...

Име: blablager
16.08.2011 16:48
+0 / -0
Cenata na benzinot padna, napisi sega tekst so naslov "Mozen pad na cenite" i neka dojde "strucnjakot" Cekredzi da ni objasni.

Радио програма

Избор на уредникот