Достапни линкови

Отказ за синдикалниот лидер


Тамара Чаусидис, претседател на независниот Синдикат на новинари и медиумски работници.
Тамара Чаусидис, претседател на независниот Синдикат на новинари и медиумски работници.

Лидерот на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, вработена во ТВ Алсат-М, доби отказ од работа.

Лидерот на независниот Синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, доби отказ од работа. Од ТВ „Алсат-М“ велат дека спорот бил решен спогодбено. Чаусидис реагира:
Како е дојдено до тоа да јас ставам потпис на спогодбен отказ, јас не знам и тоа допрва ќе се докажува по судска постапка и јас ве уверувам дека таа ќе биде покрената и дека ќе биде добиена.

„Како е дојдено до тоа да јас ставам потпис на спогодбен отказ, јас не знам и тоа допрва ќе се докажува по судска постапка и јас ве уверувам дека таа ќе биде покрената и дека ќе биде добиена.“

Проблемот не се сведува само на неколку случаи, туку претставува генерален проблем на сите работници, смета Чаусидис:

„Ова мора да биде сосечено во корен бидејќи го суспендира законот врз основа на кој ние ги браниме нашите членови. Ако Законот за работни односи не може да се примени, а неможе во случај на спогодбен отказ, тогаш ние немаме како да ги заштитиме.“

Сето ова не треба да не обесхрабри, вели претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани:

„Напротив треба да ги збиеме уште повеќе редовите затоа што ова е знак дека овие луѓе се „залепени“ за ѕид.“

Пораката е јасна - да се спречи обидот синдикално да се организираме, сметаат од ЗНМ.

Пораката е јасна, додава Селмани:

„Да се спречи обидот синдикално да се организираме уште на почеток. Ова е неодговорна одлука на сопственикот и на менаџментот на Алсат-М Телевизија, не знам зошто се одлучија тие да бидат првите кои што ќе дадат отказ на синдикалниот лидер во време кога тој има законска заштита.
Во европски и меѓународни рамки значи еден сериозен преседан во поглед на функционирањето на правната држава и правата и слободите на новинарите бидејќи верувам дека не постои држава во развиениот свет во која што преку ноќ се носат решенија за откажување на договорот за работа на првиот
синдикалец.
Тоа не смеаат да го прават.“

Станува збор за сериозен проблем, вели Билјана Петковска, директор на Македонскиот Институт за Медиуми:

„Кој што во европски и меѓународни рамки значи еден сериозен преседан во поглед на функционирањето на правната држава и правата и слободите на новинарите бидејќи верувам дека не постои држава во развиениот свет во која што преку ноќ се носат решенија за откажување на договорот за работа на првиот синдикалец на новинарите и медиумските работници.“

Ваквите проблеми треба да се адресираат во континуитет на подолг рок, вели Петковска:

„Да се направи јавен притисок врз сите оние кои се задолжени да ги спроведуваат законите во државата, да се направи исто така јавен притисок врз работодавачите, врз оние кои ги кршат законите и оние кои едноставно ги уништуваат правата на сите коишто се засегнати.“
XS
SM
MD
LG