Достапни линкови

Министерски рингишпил


Стручноста во дадената област, менаџерските способности или послушноста - што е клуч за министерска „фотелја“?

Во сите досегашни Влади, неколку личности ротирале од едно на друго министерско место. Љубомир Фрчкоски од министер за внатрешни во шеф на дипломатија, Љубен Пауновски од ресорот култура во министер за одбрана, Владо Поповски од правда во одбрана, како и актуелните поместувања, Тодоров по секторот образование, сега ќе раководи со здравство, Бесими од економија се префрла во ресорот одбрана... Ова не е специфика за македонскиот политички живот, вклучувајќи ги и европските искуства кога министри станувале и премиери. Таков е
Според моето искуство најбитно за еден министер не е тоа да биде експерт во областа која ја води, туку да биде политички силна личност кој има организациони способности што му даваат предност при евентуално составување на нова влада.

случајот и со напредокот во кариерата на екс-министерот за одбрана Владо Бучковски, кој стана мандатар во владата на СДСМ.

„Според моето искуство најбитно за еден министер не е тоа да биде експерт во областа која ја води, туку да биде политички силна личност кој има организациони способности што му даваат предност при евентуално составување на нова влада.“

Ротациите често пати се израз и на континуитет на индивидуланите политички кариери, потребата на манадатарот да ги користи луѓето од доверба и со докажана лојалност, но и покажани спсобности да менаџираат со администрацијата и државната управа.

Уважувањето на партистиките и интересите на мандатарот, поважно од способностите на одреден министер?

„Како може да се толкува сега соодносот на силите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, двете страни можат да прикажат тоа во позитивно светло за себе што фактични и не е некоја негативна страна имајќи во предвид дека ние сме мултиетничко општество“, вели Здравко Савески од ФОН универзитетот во Скопје.

Еден од експертите, што има континуитет во политичкиот ангажман, без оглед дали бил министер во владите на СДСМ или советник на политичари од ВМРО-ДМПНЕ, пред се на екс-председателот Трајковски, е професорот Владо Поповски. Според него, со способна министерска администрација првиот човек и не мора да биде експерт од таа област, но мора да ги уважува стратешките приоритети на премиерот и партиските интереси.
Идејата дека мандатарот е задоволен од способностите на одреден министер во одредено поле, тогаш кога го префрла на друго поле, тој смета дека тој министер со своите способности, интелектуални, работни, со својата лојалност кон мандатарот.

„Идејата дека мандатарот е задоволен од способностите на одреден министер во одредено поле, тогаш кога го префрла на друго поле, тој смета дека тој министер со своите способности, интелектуални, работни, со својата лојалност кон мандатарот.“

Се покажува дека и коалициските партнери од албанската етничка заедница го применуваат принципот на спортските селектори - екипа што добива не се менува. Но, факт е дека кај партиите од овој кампус почесто се појавуваат промени со нови личности, што и сега тоа е случај и со номинирањето на Ваљон Сарачини од Американ колеџ за министер за економија.

„Но, во секој случај за министерството и за министерување е многу побитно тој што го води министерството да е добар менаџер и да развие добра екипа со која ќе менаџира и ќе го управува министерството отколку сите обврски да ги преземе на себе“, објаснува, Алберт Муслиу, аналитичар.
XS
SM
MD
LG