Достапни линкови

Скоро еден век зад ЕУ


Според проценките, околу 86 години и требаат на Македонија за да го достигне просекот на раст на Европската унија.

На Македонија ќе и требаат 86 години за да го достигне просекот на раст на земјите членки на Европската унија. Проценката е на Американскиот амбасадор Филип Рикер, дадена во контекст на очекуваниот раст на Бруто домашниот производ на Македонија. Добро би било за земјата доколку ваквата проценка е точна, смета професорот Ѓорги Тоновски.
Ние во изминатиот период имавме опаѓачки стапки, значи имавме дезинвестирање, намалување и негативни стапки на развој, а овие години од кога веќе се стабилизира состојбата тие се помали од стапката на природниот прираст на
населението.

„Со оглед на едно истражување што беше направено од страна на Европската Комисија во кое стои дека отприлика 40 години се потребни на Романија да го стигне нивото на ЕУ, а некаде околу 100 години за Бугарија да го достигне нивото на ЕУ.“

Во Европа и во Светот, со исклучок на повремени скокови, не се забележани нагли трансформации во животниот стандард, објаснува Тоновски.

„Мислам дека многу радикални промени во однос на животниот стандард не сме сретнале дека се случувале низ историјата. Можеби имало определени скокови, но радикални промени тешко дека може да најдете таков пример.“

Професорот Христо Карталов вели дека животниот стандард е во директна врска со стопанскиот развој.


„Ние во изминатиот период имавме опаѓачки стапки, значи имавме дезинвестирање, намалување и негативни стапки на развој, а овие години од кога веќе се стабилизира состојбата тие се помали од стапката на природниот прираст на населението. Значи ако имаме некаде околу 3% стапка на природен прираст на населението, стапката на стопанскиот развој треба да биде 3 отсто и повеќе за да се задржи постојното ниво.“
Потребна е една агресивна стратегија во стопанскиот развој, а не една стратегија која што задоволува со констацијата дека „не е полошто од што било“, тоа што не е полошо, а некои други одат многу побргу исто така ги хендикепира младите генерации.

Повисокиот животен стандард е главен мотиватор за младите да бегаат од Македонија, потсетува Карталов.

„Потребна е една агресивна стратегија во стопанскиот развој, а не една стратегија која што задоволува со констацијата дека „не е полошто од што било“, тоа што не е полошо, а некои други одат многу побргу исто така ги хендикепира младите генерации.“

Животниот стандард и борбата со невработеноста се чини се главна тема на загриженост меѓу граѓаните. Во истражување промовирано во печатот се наведува дека 48 проценти од анкетираните го приоретизираат решавањето на невработеноста, 32 проценти сметаат дежа важен е животниот стандард, додека само 10 отсто од запрашаните во анкетата на весникот „Нова Македонија“ го поставуваат решавањето на спорот со Грција како приоритет.
XS
SM
MD
LG