Достапни линкови

Битолска зоолошка градина во лоша состојба


Зоолошката градина во Битола
Зоолошката градина во Битола

Експертите предупредуваат дека Зоолошката градина во Битола мора итно да се реконструира. Условите во кои живеат животните се лоши.

Умре единствениот леопард кој живееше во битолската зоолошка градина. Причината е староста на животното. Но, освен него во последно време зоо-градината изгуби и други станари.

„И покрај сите преземени активности од страна на ветеринарите дојде до негово угинување. Обдукцијата покажа дека леопардот беше напранат од
Зоолошката не е оградена како што треба, па во текот на овој период бевме нападнати од куни и мачки, па изгубивме 10 фазани, а цената на еден фазан е 50 евра.
хронички паразитски зболувања, ослабено срце, во глобала причината е
старост. Зоолошката не е оградена како што треба, па во текот на овој период бевме нападнати од куни и мачки, па изгубивме 10 фазани, а цената на еден фазан е 50 евра“, вели директорот Коста Нешковски.

Битолската зоолошка градина има итна потреба од реконструкција, изградба на нови кафези, канализација за отпадни води, соодветно оградување. Таа не ги исполнува стандардите кои ги бара Европската асоцијација на зоолошки градини поради што до сега во неколку наврати кружеа информации дека и се заканува клуч, но тоа управата го негираше. Минатата година ветеринарни инспектори извршија увид во градината и констатираа дека има слабости во условите за згрижување на животните и на птиците, по што им беа изречени мерки и даден рок да ја подобрат ситуацијата.

Зоолошката е под Министерството за култура, а функционира и со средства од општината, но, тоа не се големи пари за да се направи детална реконструкција. Сеуште се доработува деталниот урбанистички план за
Имаме подмладок и тоа едно еленче, пони коњче, очекуваме две принови од елените, имаме ново мајмунче од видот макаки, тој вид се зголемува кај нас. Значајно е да се истакне дека за првпат од како постои зоолошката градина има принова од белоглавиот
мршојадец.
оваа градина после 60 години постоење да не биде веќе дивоградба. Но, покрај ваквите ситуации и загуби во фондот на животни, сепак има и принова.

„Имаме подмладок и тоа едно еленче, пони коњче, очекуваме две принови од елените, имаме ново мајмунче од видот макаки, тој вид се зголемува кај нас. Значајно е да се истакне дека за првпат од како постои зоолошката градина има принова од белоглавиот мршојадец. Тоа досега во зоолошката градина во Битола не се имало случено. Ако овој мршојадец ја нема соодветната исхрана во септември и октомври тој нема да снесе јајца, несат јајца еднаш годишно“, вели директорот.

Значењето на оваа зоолошка градина е големо зашто е регионална и единствена на потегот Скопје-Солун.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG