четврток, август 21, 2014 Скопје 12:08

Политика

Со музика против полициската бруталност

Под мотото „Градот се бунтува“, беше одржан концерт против полициската бруталност кај спомен куќата на Мајка Тереза.

Младите со музика се одлучија да се спротивстават на полициската бруталност Младите со музика се одлучија да се спротивстават на полициската бруталност
x
Младите со музика се одлучија да се спротивстават на полициската бруталност
Младите со музика се одлучија да се спротивстават на полициската бруталност
По двонеделните протести иницирани од смртта на Мартин Нешкоски учесниците се решија на еден друг начин да го искажат својот глас и да ја пренесат својата порака. Еден од учесниците Кирил Ефремовски вели дека организирањето на концертот не е прослава, туку тие длабоко
Да слушнат што повеќе луѓе и оние кои формално не поддржуваат, но не се присутни тука, да излезат и истиот протестен марш да го поддржат.

соочуствуваат со сите кои страдале кога нивните најблиски биле подложени на полициска бруталност. Случајот со Нешкоски ја прелеа чашата и концертот значи повикување на масовност и изразување на револт.

„Таа е пораката, да слушнат што повеќе луѓе и оние кои формално не поддржуваат, но не се присутни тука, да излезат и истиот протестен марш да го поддржат.“


За време на концерот се потпишуваше и петиција за поддршка на барањата на демонстрантите. Тие бараат целосно расчистување на убиството, откривање на сите ученици во настанот и оставка на
одговорните лица во МВР за нечовечното и неодговорното вршење на фунцијата. Петар Стојковиќ вели дека има заинтересираност кај граѓаните за нејзино потпишување.
Да ги поддржиме младите во нивната доблест јавно да кажат што мислат.

„Според информациите што ги добив има неколку луѓе кои што на повеќе пунктови собираат потписи од граѓаните. Бројката засега е околу 4 000 собрани потписи и таа секој ден се повеќе и повеќе расте.“

Поддршка не изостана и од повозрасните граѓани.

„Да ги поддржиме младите во нивната доблест јавно да кажат што мислат.“

„Да ставиме крај на ова насилие.“

„За иднината на сите деца.“

Протест против полициска бруталност i
X
19.06.2011
Пред споменикот на Мајка Тереза со концерт на млади бендови почна протестот против полициска бруталност. Младите бараат одговорност за убиството на Мартин Нешковски и реформи на полицијата. 19.06.2011


Демонстрантите носеа и хартиени црвени кругови околу вратот, кои според Ефремовски, се поради етикетите во јавноста дека се политички мотивирани.

„Бидејќи бевме прозвани дека сме припадници на некоја партија или организација и бевме заокружени јавно, тие сами се заокружуваме јавно и велиме дека ние сме тие, меѓутоа ние сме тука со име и презиме и не припаѓаме на ниту еден табор, организација или странска институција.“

По концертот протестот продолжи со марш пред Владата, Обвинителството и Собранието.
Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: Владо Град: Скопје
20.06.2011 11:37
+0 / -0
Сите овие тн „масовни“ протести организирани од страна на самоубедени лидери (спонзорирани од СДСМ и СОРОС) си го покажаа правото лице. Користејки ја трагедијата на едно семејство поентираат од ниски побуди. Уште победно е кога новинари, поради своето его (самобендисаност и величење на своите способности) ги пумпаат работите до бескрај при ова не водејки сметка на новинарската етика дека треба само да се извести за случајот а не да ги филуваат податоците со свои желби - мислења и предлози.
Не сакам да го заштитам извршителот - сторителот на кривичното дело и неговите соучесници доколку постојат, меѓутоа постојаното атакување на некави политички одговорности со желби за оставки не држи вода. Да не беше сторителот затворен без покренување на кривична пријава против него и евентуално други соучесници тогаш имаше основа да се бара и политичка одоговорност.

Име: Tome Град: Skopje
19.06.2011 19:26
+0 / -0
Aj deca priberete se doma, ja promasivte temata. Drzavata reagirase i go otkri ubiecot i toa e toa. Dosta glumite ludilo. Pocit do semejstvoto

Радио програма

Избор на уредникот