Достапни линкови

Демонстрантите сметаат дека МВР манипулира


Од протестите во Скопје
Од протестите во Скопје

Учесниците на протестите против полициската бруталност, упатија апел до МВР да не ја пренасочува сопствената вина врз нив, обвинувајќи ги за насилство.

Учесниците на протестите за правда бараат распуштање на Алфите и СТОП за полициската бруталност, изреволтирани од обвинувањата на МВР дека имало повици за насилство. Тие јавно се обратија до портпаролот на министерството Иво Котевски. Котевски, кој денеска не успеавме да го добиеме, вчера изјави дека одредени групи ја злоупотребиле ситуацијата,
Г-динот Котевски се обидува не само да се повлече каква и да било одговорност за насилството кое што го засведочивме и кое што катастрофално резултираше онака како што резултираше, а тоа е една неповратна смрт, туку се обидува сега да го преправи насилството пред демократскиот капацитет на неговите граѓани што според мене претставува најбезобразно поткупување на демократијата.
бидејќи не била индентификувана жртвата и осомничениот и повикувале на насилство, кое Министерството најостро го осуди.

Еден од учесниците на протестот, Славчо Димитров, вели дека причината за обраќањето е поради бескрупулозната манипулација, која Министерството сакало да ја направи и организаторите да ги именува како насилници. Главното мото на протестите зад кои не стои никаква организација е токму ненасилството и детектирање на виновниците, вели тој.

„Г-динот Котевски се обидува не само да се повлече каква и да било одговорност за насилството кое што го засведочивме и кое што катастрофално резултираше онака како што резултираше, а тоа е една неповратна смрт, туку се обидува сега да го преправи насилството пред демократскиот капацитет на неговите граѓани што според мене претставува најбезобразно поткупување на демократијата и најбезобразно непочитување на сопствените граѓани.“

Протестите беа мирни, оценуваат од Хелсиншскиот комитет

Мерките кои ги најави полицијата за евентуално насилство, според Димитров, се за да се задушат протестите.

„Ова е класична стратегија која ја применуваат, а тоа е да ја растурат групата на луѓе кои се обидуваат да се спротивстават на стравот којшто тие го сеаат, значи сакаат да ја разбијат таа група на луѓе и во меѓувреме она што е најстрашно е дека се препокриваат сите нерегуларности кои што ги имаат тие во вршењето на нивната
Ова е класична стратегија која ја применуваат, а тоа е да ја растурат групата на луѓе кои се обидуваат да се спротивстават на стравот којшто тие го сеаат, значи сакаат да ја разбијат таа група на луѓе.
надлежност.“

Претседателот на Хелсиншки комитет, Осман Кадриу вели дека протестите кои беа организирани на социјалните мрежи беа мирни, без инциденти и во демократска атмосфера. Комитетот ги следеше протестите и немаше никакви елементи и појави на насилство, туку се манифестираше еден револт за загубен млад живот, поради злоупотреба на службените овластувања на полицијата, вели тој.

„Дали полицијата во другите случаи на ист начин реагира или презема конкретни мерки или реагира селективно, треба да се анализира од случај до случај неможе да се даде една генерална оценка, но како и да е и овој процес кој што се организира треба да претставува и сигурно ќе претставува една добра лекција и поука за државните органи за институциите на системот.“

Протестите продолжуваат и денеска пред споменикот на Мајка Тереза на улица Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG