Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ не дебатира


Несигурност и страв од непријатни прашања - аналитичарите за неучеството на ВМРО-ДПМНЕ во предизборни дебатни емисии, односно појавување само на одредени медиуми.

Израз на несигурност и страв од непријатни прашања. Вака комуниколозите го коментираат неучеството на претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во дебатни емисии во предизборниот период. Веќе неколку дена јавноста е сведок на неприсуството на претставници на ВМРО-ДПМНЕ во дебатните програми и предизборни соочувања. Ова,
Тој начин на практикување на комуникацијата им овозможува на оние што ја избегнуваат таквата комуникација, да пратат онаква порака каква што сакаат без притоа да ризикуваат дека истата би била оспорена.
според комуникологот Марко Трошановски, значи оневозможување на информиран избор на гласачот.

„Тој начин на практикување на комуникацијата им овозможува на оние што ја избегнуваат таквата комуникација, да пратат онаква порака каква што сакаат без притоа да ризикуваат дека истата би била оспорена или аргументирана критички од страна на политичките противници и тоа го зголемува ефектот на политичката порака што ја праќа политичката партија.“

Сепак, претставници на ВМРО-ДПМНЕ можат да се видат и чујат на одредени медиуми. Дали селективниот пристап на власта кон медиумите ја продлабочува поделеноста на наши и ваши медиуми?

Груевски избегнува ТВ-дебата.

„Политичката поделба и антагонизмите кои постојат во политиката, особено во македонскиот блок, на некој начин го прават со институциите дури и медиумите. Веќе е јасно кој медиум која политика промовира и брани“, вели политичкиот аналитичар Ризван Сулејман.

Тој се уште не ја исклучува можноста од предизборно соочување на главните политички играчи.

Дали неприсуството на некои владини претставници во предизборните дебати значи оставање поголем простор на другите политички субјекти за сопствена промоција? Еве што велат Трошановски и Сулејмани:
Политичката поделба и антагонизмите кои постојат во политиката, особено во македонскиот блок, на некој начин го прават со институциите дури и медиумите. Веќе е јасно кој медиум која политика промовира и
брани.

„Не им се прави голема услуга на другите партии. Ако им се правеше услуга ќе се прифаќат ТВ-дуели бидејќи никој не сака да се случи опонентот да капитализира на неговото медумско отсуство“, вели Трошановски.

„Претпоставувам дека нивните ставови и тоа кои се главните адути со кои треба да се промовираат и кои се нивните слабости на кои треба да внимаваат, така што мислам дека ова е во склоп на таа стратегија што е развиена во штабовите“, вели Сулејмани.

Со ваквиот однос на политичарите, јавноста станува целна група во еднонасочна политичка комуникација на партиите, потенцираат упатените. Не очекуваат тоа да ги налути гласачите, оти тие и онака секојдневно се бомбардирани од реклами, платени политички програми и изборни митинзи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG