Достапни линкови

Случај - Доминик Строс-Кан


U.S. -- IMF head Dominique Strauss-Kahn (C) is taken out of a police station in New York on 15May2011.
U.S. -- IMF head Dominique Strauss-Kahn (C) is taken out of a police station in New York on 15May2011.

Апсењето на првиот човек на ММФ, Доминик Строс-Кан, за наводна сексуална злоупотреба, предизвика силни, но воздржани реакции. Француските политичари повикуваат на пресумпција на невиност. Тој инаку на изборите за претседател на Франција во 2012 веројатно, како кандидат на Социјалистите, ќе му се спротивставеше на Никола Саркози.

Врз шефот на ММФ Доминик Строс-Кан е извршен медицински преглед по обвинувањата дека извршил сексуален напад. 62-годишниот Кан, кој беше уапсен во саботата, ги отфрли обвинувањата дека нападнал и се обидел да силува вработена жена во хотел во Њујорк. Тој беше уапсен на аеродромот Џон Кенеди од каде што чекал авион за Париз.

Кан требаше да се појави пред Суд вчера но тоа беше одложено поради медицинскиот преглед. Неговите адвокати изјавија дека не е виновен.

„Тој има намера недвослислено да се брани од овие обвинувања и негира дека направил какви било злоупотреби“, изјави адвокатот на Кан, Бенџамин Браман.


Полицијата на Њујорк, пак, соопшти дека хотелската службеничка го идентификувала Кан меѓу повеќе лица застанати во една линија.

Француски реакции

Министерот во француската влада и нејзин портпарол Франсоа Барон вака го коментираше апсењето на Доминик Строс-Кан:
Да почекаме на фактите и да ја почитуваме пресупмцијата на невиност. Ги повикав социјалистите да останат обединети.

„Позицијата на француската влада е да ја почитува правната процедура која е во тек под власт на американскиот судски систем и според тоа и е во согласност со американскиот закон за почитување на пресумпцијата на невиност. Натаму, разбирате дека ова нема да го коментираме.“

На Доминик Строс-Кан се гледаше како на можен кандидат на социјалистите за Претседател на Франција на изборите идната година на кои би му се противставил на Никола Саркози. Лидерката на француските социјалисти Мартине Обри беше внимателна.

Француски печат за случајот Доминик Штраус Кан

„Ги повикав сите да почекаме на фактите и да ја почитуваме пресумпцијата на невиност. Ги повикав социјалистите да останат обединети и одговорни.“

Доминик Строс-Кан стана директор на ММФ во септември 2007 и го водеше фондот низ клучната глобална криза 2007 – 2009.

Како што се јавува, во негово отсуство сега в.д. директор на Фондот ќе биде Џон Липски.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG