Достапни линкови

Опозицијата останува надвор од парламентот


Бранко Црвенковски и Никола Груевски
Бранко Црвенковски и Никола Груевски

По 10-часовната средба, СДСМ најави дека опозицијата останува надвор од парламентот до исполнувањето на нивните барања. Власта предлага распуштање на парламентот на 31 март

Двајцата лидери Груевски и Црвенковски се согласија дека позитивно од средбата е дебатата која се водела за изборниот закон и деблокирање на политичкиот дијалог. Опозицијата останува надвор од Парламентот, но утврдена е временска рамка до 31 март за распуштање на парламентот, што ја испорача ВМРО ДПМНЕ.
Во меѓувреме, партиите треба да продолжат да ги усогласуваат разликите за да се дојде до конзенсуз. Речиси 10 часа лидерите со неколку прекини и паузи разговараа, а секој настапуваше со свои барања.
Во својата изјава Црвенковски рече дека единствено позитивно е што седнале да разговараат и се откочил политичкиот дијалог. Но тој кажа и дека оваа средба нема капацитет да ги решава сите прашања, зашто станува збор за потешкотии кои треба да ги решаваат и другите партии.
Двајцата лидери во однос на некои барања се согласиле во однос на други, не.
Добро е што имаше средба меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ меѓутоа ...

„Нашата идеја од петокот беше да се одржи лидерска средба на релевантните парламентарни партии, бидејќи само на тој начин може да се постигне неопходен поширок консензус кој ќе гарантира дека договореното во Собранието ќе се спроведе. Добро е што имаше средба меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, меѓутоа во некои точки се покажа дека г-н Груевски не може да гарантира дека нема да има реакции, или предлози, или амандмани...“

Груевски кажа дека од СДСМ биле доставени околу 30 барања на кои во најголем дел одговориле

„Десет часа работевме без прекин во обид да го убедиме СДСМ да се врати во парламентот, одговарајќи на многу нивни барања, предлози, укажувања, кои по секоја пауза, која за нас беше работна, беа надградени и доаѓаа нови“

Десет часа работевме врз тоа да го убедиме СДСМ да се врати во Собранието...
За владејачката партија остана неприфатливо барањето да се разговара за деблокирање на сметката на А1 телевизија, со аргумент дека тоа е во надлежност на судската власт, а неприфатливо е и членови на избирачките одбори да бидат само претставници од политичките партии. Владејачката партија смета дека сегашното решение според кое е предвидено да има по еден претставник од власта и од опозицијата е доволно.
Инаку, покрај претходно прифатените барања, од ВМРО ДПМНЕ брифираа дека прифатиле и нови барања на СДСМ во врска со Изборниот законик. Од СДСМ коментираа дека не се прифаќаат клучните барања за етнички квоти, составот на избирачките одбори и прецизирање на условите за гласање на дијаспората.

Груевски на средбата излезе со агенда според која денеска треба да има гласање на претседател на ДИК во Собранието, и да се прифатат измени на изборниот закон за да дојде до распуштање на парламентот на 31 март, што како датум го испорача Груевски. Агендите на двете партии не кореспондираат, но излегоа подготвени дека овој дијалог може да продолжи. Состојбите се комплицираат и со тоа што свои барања имаат и албанските политички партии од опозицијата. Според она што се случува, може да се заклучи дека во наредните денови би можело да следува лидерска средба.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG