Достапни линкови

Отворен Меморијалниот центар на холокаустот


Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Во некогашното Еврејско Маало во Скопје е отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Тоа е четврти центар во светот посветен на жртвите на холокаустот, по „Јад Вашем“ во Ерусалим, Меморијалниот музеј во Вашингтон и Еврејскиот музеј во Берлин.

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска беше официјално отворен, откако свечената поворка достави три урни со пепелта на Евреите, кои биле убиени во концентрациониот логор Треблинка. Според претседателот на Фондот на холокаустот на Евреите
Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи се придружува кон вашингтонскиот и берлинскиот меморијален центар, како опомена за тоа што значи расна, верска, национална и секој друг вид нетрпеливост.
од Македонија, Љиљана Мизрахи, музејот ќе претставува трајна прочит и сеќавање на жртвите од холокаустот.

„Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи се придружува кон вашингтонскиот и берлинскиот меморијален центар, како опомена за тоа што значи расна, верска, национална и секој друг вид нетрпеливост.“

Претседателката на еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ вели дека изминаа 68 години откога, речиси 98 отсто од еврејското население во Македонија било депортирано и со тоа се искоренал еден народ и еврејските маала во земјава.

Свечената поворка поминува преку Камениот мост

„Генерацијата на холокаустот полека исчезнува. Затоа ние, нивните потомци, правиме се што е во наша моќ да запаметиме и да ги собереме сите информации за тоа што се уште остана непознато за годините на ова ужасно патење на еден народ.“

Музејот ќе ги потсетува посетителите дека во Македонија постоела еврејска заедница, вели рабинот Ендру Бејкер.

„Во овој центар ќе ги видиме нивните лица, ќе можеме да ги споменеме нивните имиња, да ги слушнеме нивните приказни, како и да запалиме свеќа и да поставиме камен-плоча во нивен спомен.“
Во овој центар ќе ги видиме нивните лица, ќе можеме да ги споменеме нивните имиња, да ги слушнеме нивните приказни.


Вицепремиерот на Израел Моше Јаалон вели дека холокаустот укажал на потребата од татковина која ќе го штити еврејскиот народ, која и денеска се соочува со напади.

Премиерот Никола Груевски го пали „вечниот пламен“. Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

„Израел и израелските одбранбени сили беа потребни пред 70 години и се потребни на секоја генерација, кога екстремисти и антисемитисти од Хитлер па се до Ахмадинеџад ни се закануваат дека ќе не уништат. Поуките извлечени од холокаустот се исто толку важни денес, како и пред 70 години. Не смееме да ги повторуваме истите грешки.“

Премиерот Никола Груевски изјави дека музејот ќе сведочи за голготата на еден народ, која никогаш не треба да се повтори.

„Градевме за да потсетиме, за да одбележиме, за да порачаме - да се запамети за никогаш да не се повтори.“

На церемонијата присуствуваа и министрите од владиниот кабинет, како и гости од странство, меѓу кои албанскиот претседател Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.

Меморијален центар на холокаустот на Евреите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG