Достапни линкови

Злоупотреба на тендерите?


Маре Богева Мицовска, директорка на Биро за јавни набавки
Маре Богева Мицовска, директорка на Биро за јавни набавки

Има ли злоупотреби на тендерите? Од 2008 до 2010 бројот на поништени тендери е зголемен за два и пол пати, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Фирмите што сметаат дека има незаконски услови за тендерите треба да го користат правото на жалба, вели директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицовска.
На забелешките на Центарот за граѓански комуникации дека фирмите не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале, таа вели дека Законот за јавни набавки не го спречува увидот, иако признава дека има одредени проблеми во имплементацијата.
Економските оператори можеби треба повеќе да бидат едуцирани и обучувани дека правото на жалба го имаат во секој момент од моментот на објавување на огласот доколку увидат некакви незаконити услови, ставени во самата тендерска
постапка.


„Во пракса има различни случаи. И до нас стигнувале укажувања дека некои од договорните органи воопшто не им дозволуваат, што ете секогаш создава доза на сомневање дека нешто можеби се крие, иако доколку се вложи жалба, договорниот орган е должен согласно закон, целокупната документација да ја препрати до Државната комисија за жалби по јавни набавки која што го разлгледува и решава предметот.“

Експертите за антикорупција сметаат дека некогаш критериумите за учество на тендерите намерно се прават многу строги со што се фаворизираат одредени понудувачи. Богева Мицовска вели дека критериумите треба да бидат пропорционални со вредноста на набавката.

„Економските оператори можеби треба повеќе да бидат едуцирани и обучувани дека правото на жалба го имаат во секој момент од моментот на објавување на огласот доколку увидат некакви незаконити услови, ставени во самата тендерска постапка.“

„Бунарџик“ со години не работи со полн капацитет

Дел од антикорупционерите сметаат дека се потребни измени во Законот за јавни набавки за да се спречат можни злоупотреби. Првиот антикорупционер Илми Селами вели дека секој закон има простор за подобрување, но оти во Македонија не се почитуваат ни тие што ги има.

„И најлош закон што е донесен во Македонија, доколку се спроведува така како што е
И најлош закон што е донесен во Македонија, доколку се спроведува така како што е предвиден, значи сепак ќе имаме подобра ситуација отколку што сега имаме.
предвиден, значи сепак ќе имаме подобра ситуација отколку што сега имаме.“

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, бројот на поништени тендери од 2008 до 2010 е зголемен за два и пол пати. Во периодот од јули до септември годинава се поништени една четвртина од тендерите што тие ги анализирале. Големиот број на поништени тендери остава сомнеж за злоупотреба, односно дека тендерот се поништува зашто не го добила фирмата „што требало да го добие“.

Богева Мицовска вели дека тендерите не се поништуваат само поради државните органи, туку многу често и поради тоа што фирмите не поднеле комплетна документација. Во периодот јули-септември, голем дел од тендерите се поништени и поради ребалансот на буџетот. Институциите останаа со помалку пари и мораше да се откажат од одредени планирани набавки, вели таа.

Богева Мицовска ја оспорува методологијата на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, зашто смета дека анализата ја прават на мал репрезентативен примерок и поради тоа не може да даде прецизни резултати. Сепак, нагласува дека е добро што и граѓанскиот сектор го следи процесот на јавни набавки и отвора простор за дебата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG