Достапни линкови

Стечајна агонија


Стечајците од Куманово
Стечајците од Куманово

Агонијата ги десеткува стечајците од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, како и од другите градови, кои втора година протестираат барајќи ги своите основни права.

Без никаков паричен надоместок, а само со едно единствено барање - Донесување закон за минимален паричен надоместок од шест илјади денари за технолошки или економски вишок со стаж над 15 години и старот 50 години за жени и 53 за мажи. Нивниот проблем е што и по повеќе од пет години во фирмите кои пропаднале не им е регулиран работниот однос.
Љиљана Ѓорѓиевска претседател на Здружението УНИТ ја обвинува владата, но и синдикатот:
Никој не не сфаќа како ние преживуваме. УНИТ имаше над 2000 члена, сега 1200. Поради болест и изнемоштеност поголем дел не одат на протести.

„Виновен е и синдикатот и државата. Никој не не сфаќа како ние преживуваме. УНИТ имаше над 2000 члена, сега 1.200. Поради болест и изнемоштеност поголем дел не одат на протести.“

Во меѓувреме 25 стечајци се со сериозно нарушено здравје и постојано се по лекари, а за една година само во Куманово починал 51 стечаец.
Ѓорѓиевска е оптимист дека нивното минимално право ќе го остварат, ако не од оваа, тогаш од некоја друга влада.

„Ние не бараме многу. Бараме само за подмирување на комуналиите. Бидејќи најстрашно е што и куќите ќе си ги изгубиме, бидејќи не можеме да ги платиме сметките.“
Ние не бараме многу. Бараме само за подмирување на комуналиите. Бидејќи најстрашно е што и куќите ќе си ги изгубиме, бидејќи не можеме да ги платиме сметките.

Меѓутоа додава и дека не е исклучено овие гладни луѓе да посегнат и со физички напади за корка леб.

„Зашто ако видите дека некој носи полни торби, а
ти немаш ни леб да купиш, а да не зборуваме за школување на децата. Не знаеме ни за празници, ни за куќни слави. Им се чудиме на нашите политичари како можат да живеат кога знаат дека половина од населението нема средства ниту за основен живот.“

Револтирани се бидејќи според Ѓорѓиевска:

„За сега најповеќе не боли што оваа влада не игнорира. Од сите досегашни влади имало социјални пакети и помош, оваа влада не прави дека сме партиски војници. Ние од сите влади и од Бранко, Љубчо, сме оштетени, а најповеќе од Груевски. Тој пак не подели, бидејќи со законот од 2008 година некого обесштетија, а поголем дел остана.“

РСЕ: Каков е односот на синдикатот?

„На жалост ист е односот и на синдикатот како на владата. Мислам дека реално и не постои синдикат.Бевме приморани со притисоци да укажеме на синдикатот дека сме нивни членови. Страшна работа. Ако има повреда во
Сиромашки. Нема ништо нигде. Нема пари од никаде, нема дрва и струјата ќе ни ја исечат
работни односи тоа е работа и на синдикатот, бидејќи и тој учествувал во растурањето на фирмите. Дадоа поддршка на МВР кога имаше протести. А на нас ништо, дури сега ни ветија дека ќе имаме подршка.“

Стечаецот Чедомир Стојковски вели дека во семејството нема парче леб. Затоа и семејните односи им се нарушуваат.
Гимназ Величковски стечаец од ГП „Маврово“ со 29 години стаж раскажува дека живее:

„Сиромашки. Нема ништо нигде. Нема пари од никаде, нема дрва и струјата ќе ни ја исечат.“

„Во Искра работев, а сега сум болен поради тоа. Срце, висок притисок. Имам 33 години стаж, 62 години старост, немам никакви примања, шестчлено семејство, нема никаков надоместок, освен бончиња за лекување“, вели Добре Илиевски.

А Цветан Стојчев со 30 години работен стаж од поранешен ЗИК Куманово додава дека веќе една деценија:

„Моето семејство живее критично, жената од ЧИК без работа, кај роднините помагаме за вреќа брашно. Само кавги дома, има раскинување на бракови.“

Кумановските стечајци немаат друг излез освен да протесираат. Затворени во мала просторија во поранешниот Комитет и оваа зима и претстојните празници ќе ги поминат гладни.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG