Достапни линкови

Се распуштаат да не се самораспуштат


Собрание
Собрание

Собраниската расправа за предлогот за распуштање на Парламентот, доставен од опозицискиот СДСМ, кој бара предвремени избори. Исходот е извесен – владејачкото мнозинство е против распуштање на парламентот и распишување избори во февруари.

Пратениците од СДСМ, како предлагачи на иницијативата, ги повторија обвинувањата дека сега се живее полошо од пред четири години, евроинтеграциите се закочени, а владата е нелегитимна и недемократска и затоа треба да си оди.
Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повторуваат ставот кој го донесе Извршниот комитет на партијата пред неколку дена - не постојат објективни причини за распишување предвремени избори, партијата сака да ги заврши започнатите проекти. ВМРО-ДПМНЕ, сепак, нагласува дека е убедена оти повторно би победила.
Груевски и Црвенковски се две различни страни на една иста паричка.

Во ситуација кога исходот на седницата е однапред познат, навредите и омаловажувањата како да станаа правило.

Анета Стефановска(ВМРО-ДПМНЕ)
: „Почитувана госпоѓо Бедновска, односно Бендевска, се извинувам...“

(БУРНИ РЕАКЦИИ ОД МЕСТО)







Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието
: „Ќе ве замолам колеги... Пауза... Објавувам пауза...“

Предлогот на опозицијата за распуштање на парламентот го образложи пратеничката Цветанка Иванова.
Македонија, наместо преродбенички 100 чекори напред, таа можеби е многу, многу повеќе од 100 чекори назад.

„Подолго време, Република Македонија, наместо преродбенички 100 чекори напред, таа можеби е многу, многу повеќе од 100 чекори назад.“

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека барањето за предвремени избори е политички блеф на Бранко Црвенковски.„Како човек што во покер-игра изгубил се, во рацете, од пет карти нема ни еден пар, ги фрла сите жетони во игра за на тој начин да се обиде да изблефира, да направи сите останати играчи во играта да се откажат и на тој начин да ја добие играта.“
Како човек што во покер-игра изгубил се, во рацете, од пет карти нема ни еден пар, ги фрла сите жетони во игра за на тој начин да се обиде да изблефира, да направи сите останати играчи во играта да се откажат и на тој начин да ја добие играта.

Според него, со барањето за предвремени избори СДСМ сака да ја „заташка“ аферата Перо Наков бб и аферата Надеж.

Пратеникот Андреј Жерновски од ЛДП вели дека неговата партија сака премиерот Никола Груевски да „падне“, но се противи Бранко Црвенковски да се врати на власт.

„Груевски и Црвенковски се две различни страни на една иста паричка.“

За да образложи дека СДСМ се плаши од избори, пратеникот Васко Шутаров од ВМРО-ДПМНЕ, на неколку наврати „распали“ со поговорки.

Отворен ден во македонското Собрание во мај 2009 година

„Во тенџере вари, од капакот јади. Вие сакате во капакот да варите, а од тенџерето да јадете.

Не почнувајте игра на мачка и глушец, се додека не сте сигурни дека не сте престанале да бидете глушец.
Оди во џамија помош бара, а во прегратки прасе им носи. Точно така, избори барате, а се плашите од избори како ѓавол од крст.


Во Босна велат, оди во џамија помош бара, а во прегратки прасе им носи. Точно така, избори барате, а се плашите од избори како ѓавол од крст.“

Возврати пратеничката Весна Бендевска од СДСМ.

„Знаете колку е провидно кога господинот Шутаров ќе изнакаже еден куп навреди, ама ќе го одбегне одговорот зошто Васко Шутаров се плаши од избори. Каде е храброста на Васко Шутаров?! Да не ви треба здолниште?“

Коалицискиот партнер ДУИ, исто како и ВМРО-ДПМНЕ, е против распуштање на парламентот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG