Достапни линкови

Подготовки за Њујорк


Што ќе донесат средбите во Њујорк?
Што ќе донесат средбите во Њујорк?

Што ќе донесат средбите во Њујорк во врска со спорот за името, откако Брисел ги соопшти своите позиции? Агендата на претседателот Иванов е подготовена, Груевски се уште не знае дали ќе оди.

Претседателот Ѓорге Иванов има дефинирана агенда за посетата во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН, додека од Кабинетот на премиерот Никола Груевски се уште немаат одлучено дали тој ќе патува. Од Кабинетот на Претседателот соопштуваат дека средбата со медијаторот Метју Нимиц е закажана за на 19-ти, наредниот ден претседателот ќе има обраќање на седницата посветена на развој на милениумските цели, а следниот ден кога ќе се одржи Клинтоновата глобална иницијатива, Иванов ќе има можност за
Ние се обидуваме да најдеме решение за проблемот меѓутоа исто така доколку се оцени дека Грција на многу долг рок не планира да дојде до решение, треба да се размисли и за таква опција.
неформални средби со останатите претседатели. Премиерот Груевски, пак, пред да отиде во Брисел изјави дека се уште не знае дали ќе патува во Њујорк и дали ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Од неговиот Кабинет велат дека Груевски попладнево треба да се врати во земјата, па потоа да се одлучи дали тој ќе патува. Предвидено е во Њујорк да патува и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Се уште не се знае со кои позиции ќе настапи македониот државен врв на средбите во Њујорк, но како што претходно најави Милошоски, предлози за надминувања на спорот за името со Грција се очекуваат од Нимиц. Вчера од Брисел, премиерот Груевски потврди дека од македонска страна било понудена опцијата да се преговара за влез во Унијата, без конечно решение за името.

Илустрација: Генералното собрание на ОН

„Ние се обидуваме да најдеме решение за проблемот меѓутоа исто така доколку се оцени дека Грција на многу долг рок не планира да дојде до решение, треба да се размисли и за таква опција.“
Затоа брз излез нема, ова е логично што го рече премиерот, тоа е логично финале на таа политика, имено дека сакаме да влеземе, ама несакаме и неможеме практично да го разрешиме тоа
прашање.

Но, Брисел кој решава со консензус, не може да одреди почеток на преговорите, бидејќи Грција како услов го наметна решавањето на спорот. Решавањето на спорот за името не е техничко прашање кое може да го разреши еден човек или една влада, веќе станува збор за една комплицирана работа која може да се нарече и колективна траума, вели професорот Денко Малески.

„Затоа брз излез нема, ова е логично што го рече премиерот, тоа е логично финале на таа политика, имено дека сакаме да влеземе, ама не сакаме и не можеме практично да го разрешиме тоа прашање и оттаму треба да ставиме прст на чело и да размислиме, што и како понатаму.“

Професорот Малески вели дека политиката чека да се смени нешто во ЕУ во НАТО или пак во јавноста во Грција да ги промени своите погледи кон Македонија, што нема да се случи барем не во догледно време.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG