Достапни линкови

Неделен печат


„Конвертитите ја пишуваат македонската антиисторија“ е насловната тема на Глобус за злоупотребата на интелектуалецот во Македонија. Фокус, пак, донесува анализа за убиството во Аеродром.

Поради двата државни празника, во денешниот преглед – само два неделника: Глобус и Фокус. Третиот, Форум
не излезе во петокот, новиот број ќе го прелистуваме дури следниот петок.

„Конвертитите ја пишуваат македонската антиисторија“ е насловната тема на Глобус за злоупотребата на интелектуалецот во нашево општество. На насловната страница на неделникот има фотографии на повеќемина интелектуалци, порано познати како членови или симпатизери на сега опозиционата СДСМ, или во најмала рака, личности со ткн. лева провиниенција, за кои сега Глобус вели дека ја смениле страната и ги смета за „нова десница“: Ханџиски, Поповски, Панде Лазаревски, Мирка Велиновска, Пешев…
Политичките конвертити, пишува авторот на текстот, помогнаа да се инсталира антисистемот, станаа негови популаризатори и извршители. Тие станаа идеолошката обланда на портокаловата револуција и избраа слугински однос спрема власта, а темата за конвертитството е актуелна не заради ново читање на историјата, туку заради нашата драматична сегашност, смета Глобус. Неделникот особено ја подвлекува улогата на, како што ја нарекува, професорската тројка: Димитар Мирчев, Бранислав Саркањац и Ѓорге Иванов кои се обиделе да му дадат идеолошка рамка на актуелниот режим, во што ниту веруваа, ниту се залагаа додека беа „обични“ професори, забележува Глобус.

Протест на новинарите во Скопје, Септември 2010

Фокус: Тројно убиство во Аеродром


Фокус продолжува со својата новинарска истрага на трикратното убиство во скопски Аеродром и во наднасловот тврди дека тројцата убиени не се сретнале случајно во кафеаната Биг фиш. Едниот од убиените, инаку баџанак на шефот на обезбедувањето на премиерот Груевски, Урко, очекувал 12 илјади евра од убиецот Денковски или од убиените велешани? – го поставува во насловот ова прашање неделникот. Новинарот открива дека убиениот Јордан Јорданов и убиецот Тони Денковски, во последно време многу често биле гледани низ велешките кафеани.
Според изворот на Фокус, убиениот полицаец Милошев кратко време пред убиството му се доверил на познат пејач од македонската естрада дека вечерта чека да му стигнат 12 илјади евра. Новинарот прашува и која е мистериозната девојка што седела со нив на масата, а веднаш исчезнала од видикот на јавноста: полицајка, како што тврделе едни, или поранешна манекенка, според други? И зошто го извадила златното ланче што го носела на себе и го оставила во пржилницата за риба?
Има премногу неодговорени прашања за една случајна средба што заврши со тројца убиени, поентира Фокус, за да заклучи дека премиерот Груевски ќе мора да го оствари своето ветување за заострување на критериумите за враборување на лица во МВР, оти вака кој се' не влезе во 12-илјадната армија во Министерството, констатира неделникот. Се' почестите инциденти во кои се инволвирани полицајци налага многу поотворено да се разговара за тоа кој се' поседува значка, особено ако тие имаат роднински врски со лица кои претставуваат се' и сешто во денешното политичко владеење.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG