Достапни линкови

Апели за признавање на Косово


Прослава на улиците на Приштина
Прослава на улиците на Приштина

Радост, разочараност, апели за признавање, но и стравување од негативни импликации. Вакви, накусо, се реакциите во светот по мислењето на Меѓународниот суд на правдата дека косовската декларација за независност е легална.

На улиците на Приштина радост:

„Многу сме среќни. Се надеваме дека ќе има нови признавања на косовската независност.“

Во Белград пак, разочарување:

„Катастрофа. Тоа е страшно. Светот оди во друг правец.“

На улиците на Митровица

Вака главно реагираат граѓаните на Косово и на Србија по објавеното мислење на Меѓународниот суд на правдата дека косовската декларација за независност не го прекрши меѓународното право.
Мислиме дека одлуката ги отстранува сите законски неизвесности во врска со статусот на Косово. Мислиме дека сега е важно земјите во светот, вклучувајќи ја и Србија, да го признаат тоа и да се ангажираат со Косово врз нови
основи.


„И покрај тоа што сите велат дека станува збор за советодавно мислење на Судот, сепак не можете да кажете дека тоа не е важно. Мислењето има големо значење. Станува збор за орган на Обединетите нации“, вели Џејмс Кер Линдзеј, професор од Лондон.

Тој додава дека мислењето може да доведе до натамошни признавања на Косово. Апел за признавање на Косово веќе упатија Приштина и Вашингтон:

„Мислиме дека одлуката ги отстранува сите законски неизвесности во врска со статусот на Косово. Мислиме дека сега е важно земјите во светот, вклучувајќи ја и Србија, да го признаат тоа и да се ангажираат со Косово врз нови основи“, изјави портпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули.

Тоа го повтори и косовскиот премиер Хашим Тачи кој престојува во Соединетите Држави:

Во црквата Свети Сава во Белград молитва пред одлуката на МСП за Косово

„Никој нема причина да ја одлага одлуката за признавање на независноста на Косово. Независноста на Косово е реалност, де факто и де јуре.“

Српскиот претседател Борис Тадиќ, од друга страна, го одби барањето за признавање на косовската независност, изјавувајќи дека одлуката на Меѓународниот суд не дава правна основа за таков потег.

„Србија, секако, никогаш нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, бидејќи мислиме дека етничко мотивираното отцепување не е во согласност со принципите на Обединетите нации.“

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, пак, оцени дека одлуката на судот ги става под прашалник сите граници, бидејќи ги охрабрува другите сецесионистички движења на Балканот и во светот воопшто

„Верувам дека од сега луѓето во светот ќе бидат во искушение да пишуваат декларации за независност што очигледно, според судот, е во согласност со меѓународното право“, вели Јеремиќ.

Тоа, според портпаролот на Стејт департментот Кроули, нема да се случи со оглед на фактот дека одлуката била само во случај на Косово.
Верувам дека од сега луѓето во светот ќе бидат во искушение да пишуваат декларации за независност што очигледно, според судот, е во согласност со меѓународното
право.


На сличен став е Ејдан Хехир, професор по меѓународни односи на Унивезитетот Вестминстер.

„Немаат многу смисла тврдењата дека одлуката на Судот ќе произведе домино ефект, на пример во Република Српска или во северна Македонија, Тибет или Шри Ланка. Во случај тоа да го стори Република Српска таа ќе ја доживее судбината на Јужна Осетија која ја признаа само една или две држави. Таквиот проект е загубено време.“

Хехир додава дека Косово ќе се труди да издејствува признавање од што повеќе држави.

„Бројот на земјите што ќе го признаат Косово е важен во контекст на аспирациите на Косово да стане членка на Обединетите нации.“

Тој прецизира дека за да се стане тоа е неопходно признавање на две третини од земјите членки на Обединетите нации, што, според него, веројатно нема да се случи во блиска иднина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG