Достапни линкови

Притисок за косовската независност


Знамето на Косово
Знамето на Косово

По засилувањето на српскиот дипломатски притисок, во МНР велат дека за Македонија признавањето на независноста на Косово е решено прашање.

Што се однесува на Македонија, признавањето на независноста на Косово е решено прашање, а изјавите на српскиот претседател Тадиќ во врска со тоа нема да ги коментираме, велат од македонското Министерство за надворешни работи. Одлуката на меѓународниот суд се очекува за два дена, а Србија како да го засилува дипломатскотот лобирање, чија крајна цел е во Генералното собрание на Обединетите нации да се изгласаат нови преговори за Косово. Во овој контекст беше објавена и веста дека Белград има намера да побара од соседните земји, во
Македонија треба да ги негува добрососедските односи и со Србија, но ултимативни барања не треба да се прифаќаат лесно, бидејќи Македонија е независна држава и првенствено ги брани своите интереси кои не започнуваат само од добрососедките односи, туку и од внатрешниот мир и хармонија и во таа смисла Македонија го призна
Косово.
име на добрососедските односи да се воздржат од гласање против резолуцијата. На ваков повик кон соседите Србија нема право, велат дел од македонските експерти, со оглед на тоа што Македонија како независна држава своите одлуки има право да ги донесува сама.

„Македонија треба да ги негува добрососедските односи и со Србија, но ултимативни барања не треба да се прифаќаат лесно, бидејќи Македонија е независна држава и првенствено ги брани своите интереси кои не започнуваат само од добрососедките односи, туку и од внатрешниот мир и хармонија и во таа смисла Македонија го призна Косово“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.

Според професорот Јован Донев, ваквото барање на Србија е сосоема логично и разумно, но се уште е рано да се процени како Македонија треба да се однесува во однос на ваквото барање.

„Пребрзо е да се каже како Македонија ќе се однесува, треба да се види како ќе се однесуваат нашите сојузници, да се види пулсот, да се види како ќе се однесуваат земјите од ЕУ што не го признаа Косово.“

Зградата на косовската влада

Во целата ситуација Македонија треба да биде претпазлива, велат експертите, поради тоа што добрососедските односи со Србија и се навистина важни, но потребна е и добра волја од Србија за да разбере дека Македонија нема интрес и не сака да ги влоши односите со оваа соседна земја. Во тој контекст, ваквиот пропатерналистички став што го зазема Србија во очи пресудата на меѓународниот суд е неоправдан, додаваат експертите.

Расправта пред Меѓународниот суд започна на 1 декември минатата година, а 29 држави веќе го имаат изнесено своето мислење во однос на легалноста на прогласената независност на Косово. По одлуката на меѓународниот суд во Хаг во врска со законитоста на еднострано прогласената независност на Косово на 22 јули, Србија планира да поднесе резолуција во ОН со која ќе побара нови преговори за Косово.
XS
SM
MD
LG