Достапни линкови

Без договор за Анкетна комисија


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Американската амбасадата изразува надеж дека Парламентот ќе се врати на работа.

Претседателот на Парламентот и координаторите на пратеничките групи утре ја продолжуваат координативна средба на која треба да се обидат да најдат компромисно решение за формирање на Анкетна комисија која треба да го расветли собранискиот инцидент.

На денешната средба на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спикерот Вељаноски не беше постигнат договор. СДСМ прифаќа Комисијата да ги испитува сите околности за инцидентот, законските прописи и да се лоцира политичка одговорност, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа последново не би можело да биде прифатлива и за нив. Во владејачката партија наведуваат дека не прифаќаат Анкетната Комисија да
Ако не постои политичка волја, тоа е правило број еден, тогаш треба да се држите стриктно до процедурите, бидејќи процедурите се затоа и измислени, проблемот е што не се почитуваат процедурите и затоа тука настанува
револт.
биде ограничувана и условувана од опозицијата.

Пратеникот Горан Мисовски од НСДП

Додека двете страни се уште се на пат да постигнат решение, експертите сметатаат дека партиите треба да покажат дека се подготвени да направат отстапки од тврдите позиции. Тоа би сигнализирало дека парламентарните групи ќе излезат од спротивставениот однос во кој западнаа и најверојатно ќе се отвори пат кон омекнувањето на политичката атмосфера во Собранието, сугерира Љупчо Јордановски поранешен претседател на Собранието:

„Ако не постои политичка волја, тоа е правило број еден, тогаш треба да се држите стриктно до процедурите, бидејќи процедурите се затоа и измислени, проблемот е што не се почитуваат процедурите и затоа тука настанува револт.“

Минатата година Македонија имаше позитивна оценка за работата на Собранието во извештајот на Европската комисија. Прашањето е зошто не се задржаа овие моменти. Впечатокот на политичкиот анлитичар Насер Зибери кој има искуство како пратеник е дека и покрај позитивните оценки на Европската комисија за започнување на преговорите, главниот проблем е што земјава е надвор од евро атланските интеграции

„Неможноста Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО и сето тоа ги фрустрира и пратениците како одраз на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и често пати емотивно реагираат во Собранието, често пати надвор од законот и Деловникот.“


Проблем, според Јордановски, е тоа што партиите повеќе се фокусирани врз сопствени партиски интереси отколку на суштински прашања:
Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ


„Не гледам дека имало поголема разлика минатата година и оваа година во однос на позиција-опозиција, туку едноставно Европа нас не стимулира, ни дава елан со еден таков извештај. Инаку ситуацијата е сосема идентична, лани и оваа година.“

Во врска со неодaмнешниот инцидент во Собранието на Република Македонија и нивото на политичкиот дијалог во земјава, амбасадата на САД денеска во писмена изјава за Радио Слободна Европа изразува надеж дека оваа епизода сега е зад нас и оти парламентот ќе се врати на работа. САД даваа значајна поддршка на парламентот во сите овие години и досега се надевавме дека тоа ќе придонесе за надминување на ваквите расправии. Ниту една од страните не се разликува во поглед на своите постапки и реакции, се вели во писмената рекцијата на амбасадата на САД.

Минатата недела и евроамбасадорот Ерван Фуере упати апел за поотворен и посилен политички дијалог со цел земјата да се придвижи напред во духот на консензусот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG