Достапни линкови

Голманот на Јужна Африка не го чул зуењето на трубите?!


Итумеленг Хуне
Итумеленг Хуне

Голманот на репрезентацијата на Јужна Африка Итумеленг Хуне смета дека домашната публика не била доволно бучна на натпреварот против Мексико.

Голманот на репрезентацијата на Јужна Африка Итумеленг Хуне смета дека и навивачите треба да понесат дел од вината за нерешениот резултат на вчерашниот натпревар против Мексико што заврши 1:1. Хуне вели дека домашната публика не била доволно бучна и не создала атмосфера за полуларно наречените Бафана Бафана, да ја почуствуваат предноста на домашниот терен.

„Не можевме да ги чуеме вувузелите“, изјави Хуне по натпреварот, осврнувајќи се на зуењето на традиционалните труби кои ќе бидат константен реквизит на Светското првенство.
Јужноафрикански навивач со вувузела на вчерашниот напревар против Мексико

Новиот национален фудбалски стадион Сокер сити во Јоханесбург има 94 илјади седишта, а натпреварот против Мексико го проследија 84490 гледачи.

„Тоа беше разочарувачки за нас“, изјави Хуне.

Тој вели дека репрезентативците се надевале дека на стадионот ќе има повеќе Јужноафриканци.

„Атмосферата не беше толку добра. Не беше тоа што го очекувавме. Имаше многу навивачи на Мексико. Беше како Мексико да игра дома. Тоа им даде предност“, разочаран е Хуне.
XS
SM
MD
LG