Достапни линкови

Говор на омраза во медиумите


Говорот на омраза го има често во македонските медиуми, а „најпогодно место“ за ширење на говорот на омраза, велат нашите соговорници, се печатот и интернетот. Во македонските закони, постојат многу недоречености во однос на тоа кој има извршна моќ да го спречи и санкционира говорот на омраза.

Говорот на омраза во македонските медиуми го има релативно често, а може да се зголемува зашто никој не реагира на него, велат нашите соговорници, кои одблиску ги следат медиумите. Комуниколгот Сеад Џигал посочува дека „најпогодно место“ за ширење на говорот на омраза во медиумите се коментарите од читателите и јавувањата на гледачи во живо.
Говорот на омраза во рамките на тој процес на вербално насилство е само прв чекор кој што во најлошите сценарија води до реално насилство. Значи вербалното насилство во секојдневието е би рекол еден прв чекор во реалното насилство


„Говорот на омраза во рамките на тој процес на вербално насилство е само прв чекор кој што во најлошите сценарија води до реално насилство. Значи вербалното насилство во секојдневието е би рекол еден прв чекор во реалното насилство.“
Сеад Џигал

Поранешната претседателка на Советот на честа во ЗНМ, новинарката Тамара Чаусидис посочува дека уште пред околу три и пол години, Советот реагирал на говор на омраза во одредени медиуми, но оти тоа останало речиси незабележано во јавноста.

„Проблемот со говорот на омразата е доколку не реагирате на минорни појави, појави кои навидум се чинат бенингни и кои можат да се подведат под слобода на говор, потоа тој ескалира и имаме ситуација во која сме да речеме денеска, во која не само што е модерно да се говори туку навистина имаме директно повикување на насилство.“

Џигал објаснува дека електронските медиуми се мониторирани од Советот за радиодифузија кој може да преземе мерки против нив, па затоа и поретко има говор на омраза.

„Ваквиот тип на говор, говор на омраза, навреди итн., најчесто се појавува во печатот што е прилично нерегулирана сфера кај нас; и на интернет. Тоа се две главни медиумски платформи на кои што се одвива овој вид на негативна комуникација и поради самиот факт што тие не се доволно регулирани, многу тешко тие се процесуираат кривично.“
Се до оној момент додека мојата слобода не го загрози правото на другиот, тоа е слобода на говор, оној момент кога таа слобода го загрозува правото на другиот на слобода, на човекови прави тогаш тоа е веќе радикален говор на омраза.

Џигал вели дека, во македонските закони, постојат многу недоречености во однос на тоа кој има извршна моќ да го спречи и санкционира говорот на омраза.

„Значи еднаш кога ќе се санкционира или во низа кога рутински ќе се санкционираат такви типови на
Тамара Чаусидис
говори на омраза, стереотипизација и друг тип на вербално насилство, тогаш тоа може да стане еден вид на пракса која што ќе ги оневозможи оние другите да го повторуваат тоа.“

Чаусидис има едноставен одговор на прашањeто „каде завршува слободата на говор, а каде почнува говорот на омраза“.

„Се до оној момент додека мојата слобода не го загрози правото на другиот, тоа е слобода на говор, оној момент кога таа слобода го загрозува правото на другиот на слобода, на човекови прави тогаш тоа е веќе радикален говор на омраза.“

Сеад Џигал вели дека говорот на омраза е најизразен на новите медиуми и социјалните мрежи, затоа што одговорноста на луѓето што го шираат е речиси сведена на нула.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG