Достапни линкови

Дневен печат - Повторно нелегално оружје


Весници, магазини, неделници...
Весници, магазини, неделници...

Сите дневни медиуми пишуваат за втората тура нелегално оружје што полицијата го заплени кај селото Радуша, а на што претходеше вооружена престрелка со криминална банда во која загинаа четири лица, членови на групата. Дневниот печат исто така информира и за протестите на албанските невладини организации.

Сите медиуми јавија за втората тура оружје, што, овој пат, полицијата ја заплени кај селото Радуша, при што во престрелката загинале четиримината од бандата, коишто тајно го превезувале оружјето во комби. Вечер, под наслов со крупни букви: „За две недели полицијата по втор пат заплени нелегално оружје“, а Дневник ја објавува изјавата на министерката Јанкуловска дека нема причини за загриженост.

Мирниот протест на повеќе невладини организации на македонските Албанци во Скопје, исто така, беше во фокусот на дневниот
Албанците мирно бараа
етничка Албанија.
печат и на електронските медиуми. Нова Македонија пишува дека „Албанците мирно бараа етничка Албанија“, Дневник дека „Протестот на Албанците помина мирно“, а Вечер дека „На протестниот марш во Скопје, албанските невладини вршеа притисок врз судовите“. Време насловува дека „Револтот е разбран и без превод“.

Исто така, Време, во два броја се занимава со новинарот Миленко Неделковски под наслов „Како Неделковски ја заработи слободата“, за кого потсетува дека и по две судски пресуди за затворска казна поради измама, Неделковски е на слобода, при што ја поврзува судската одлука да не лежи во затвор со почетокот на активностите на овој контроверзен новинар на планот на подигањето на патриотската свест кај народот, односно со отворената поддршка на политиката на Груевски.
Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Утрински пишува дека историскиот ден на Македонија во Советот на Европа „траеше само неколку часа, и дека кога претседавал министерот Милошоски, на масата пред него стоела кратенката ПЈРМ, наместо македонско претседателство.
Антикорупциска ги стресе
институциите.

„Антикорупциска ги стресе институциите“, ја насловува Утрински информацијата за потезите на новиот претседател на Комисијата, кој под лупа ја стави работата на Управата за спречување перење пари чијшто директор вработил 29-мина без дозвола на Министерството за финансии.

Време, по повод расправата во Собранието за измените на Законот за електронски комуникации, ги пренесува реакциите на пратениците од опозицијата дека „Власта подготвува нови механизми за следење“ и дека „Големото уво“ ќе се лепи и на компјутерите на граѓаните.

„Здравството на работ на бездна“, пишува Утрински, за испразнетата здравствена каса, а Време дека во скопските државни болници се бара вработување на повеќе од 100 медицински сестри и 13-ина лекари поради одливот на медицинскиот персонал во приватните болници.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG