Достапни линкови

Филип Гордон во Македонија


Американскиот заменик на државниот потсекретар задолжен за европски и евроазиски прашања
Американскиот заменик на државниот потсекретар задолжен за европски и евроазиски прашања

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со американскиот заменик на државниот потсекретар задолжен за европски и евроазиски прашања Филип Гордон, кој е во посета на Македонија. Тие разговарале за состојбите во регионот и учеството на македонските војници во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Во соопштението од кабинетот на претседателот се наведува дека Претседателот Иванов ги искажал македонските ставови во врска со спорот со Грција и нагласил дека Македонија е подготвена за взаемно прифатливо решение во рамките на „Повелбата, резолуциите на Обединетите Нации и на меѓународното право“.
Имајќи ги предвид ефектите од опстојувањето на Република Македонија надвор од овие структури, кои се одразуваат и на економскиот и на вкупниот политички и општествен живот, Претседателот Иванов нагласи дека Република Македонија е таа што е најзаинтересирана за решение до кое може да се дојде само со почитување на рамката во која се водат разговорите и со искрена политичка волја меѓу двете страни

Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија

„Имајќи ги предвид ефектите од опстојувањето на Република Македонија надвор од овие структури, кои се одразуваат и на економскиот и на вкупниот политички и општествен живот, Претседателот Иванов нагласи дека Република Македонија е таа што е најзаинтересирана за решение до кое може да се дојде само со почитување на рамката во која се водат разговорите и со искрена политичка волја меѓу двете страни“,

стои во соопштението.

Во кабинетот на претседателот информираат дека Гордон изразил надеж дека може да се дојде до взаемно прифатливо решение на спорот и нагласил дека САД и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлантски аспирации.

Инаку, Филип Гордон претходно се сретна и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. По средбата во американската амбасада во Скопје, Црвенковски рече дека имал можност да ги чуе американските ставови во однос на Македонија.
Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски

„Вашингтон е силно заинтересин за одржување на политичката и безбедносната стабилност на Република Македонија и за успешно интегрирање на нашата земја во НАТО алијансата и отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Во тој контекст, САД сметаат дека е крајно време да се надмиме пречката, односно спорот со Грција околу името на нашата земја и на тој начин да се деблокираат евро атлантските интеграции на Република Македонија.“

Црвенковски вели дека не разговарале за конкретни рокови за решавање на спорот за името. Јасно е дека спорот не може да се реши до јуни, рече Црвенковски, но може да се отпочне со некој процес што значи решавање на спорот.
Вашингтон е силно заинтересин за одржување на политичката и безбедносната стабилност на Република Македонија и за успешно интегрирање на нашата земја во НАТО алијансата и отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ

„Од аспект на САД следната одредница, која за нив можеби е и побитна е самитот на НАТО во Португалија, во октомври, односно почетокот на ноември и дека процесот треба и да заврши, значи треба да почне деновиве.“

Црвенковси и Гордон разговарале и за меѓуетничките односи и безбедносната состојба во земјава. Оценувајќи ја безбедносната состојба во земјава, по вчерашниот инцидент кај Радуша, Црвенковски рече дека тоа покажува дека постојат екстремни поединци и групи и дека тие се активирани.

„Фактот што се работи за големи количини оружје говори дека тоа не треба да се потценува, значи тоа е сериозна закана. Меѓутоа, за таквите екстремни структури да останат изолирани, клучно е каков амбиент ќе имаме во меѓуетничките и меѓурелигиските односи.“

Тој вели дека ако владата и политичките субјекти креаираат добри меѓуетнички односи, радикалните структури ќе останат изолирани и полицијата ќе може полесно да се справи со нив.
Филип Гордон денеска се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Поради проблеми со авионските летови над Европа, премиерот Никола Груевски не успеа навреме да се врати од Мароко, каде што беше во официјална посета, и да присуствува на најавената средба со Гордон. Сепак, веројатно Груевски и Гордон ќе се сретнат во Загреб.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG