Достапни линкови

Македонија преседавач на Советот на Европа


Антонио Милошоски на превземањето на Претседателството на СЕ
Антонио Милошоски на превземањето на Претседателството на СЕ

Македонија денеска го презеде претседателствувањето со Советот на Европа. Власта, опозицијата и експертите едногласно оценуваат – голема шанса која не треба да се пропушти и можност за промоција на земјата.

Македонија денеска го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Шестмесечното претседавање со извршното тело на најстарата паневропска организација, во Палатата на Европа во Стразбур формално му беше предадено на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски од досегашниот претседавач министерката за надворешни работи на Швајцарија Мишлен Калми Реј.
Министрите Милошоски и Друцас на седницата на СЕ

Комитетот на министри ги прифати „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен од Министерството за надворешни работи на Република Македонија за приоритетите на македонското претседавање со Комитетот. Документот беше пропратен со покривна страница на која стои забелешка со привременото име на државата во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993 година.
Министерот Милошоски на 120. сесија на Комитетот на министри на СЕ ги претстави приоритетите на Македонското претседателство 2010. Министрите присутни на денешната сесија изразија надеж дека активностите ќе бидат успешно реализирани. По претставувањето на приоритетите на македонското претседателство, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас искажа протест за логото Македонско претседателство.

Оценки и реакции

Голема шанса која не треба да се пропушти и можност за промоција на земјата, е денешното преземање на претседателствувањето со Советот на Европа, оценуваат и од власта и од опозицијата и експерите. Од опозицијата велат дека периодот од 6 месеци кога земјата
Јас сум оптимист дека ќе можеме да се претставиме во добро светло, она што би сакал да апелирам на крај е во сето ова да биде вклучена и опозицијата, затоа што треба да оставиме впечаток дека ова е нешто за што сите се залагаме и нешто во што сите треба да учествуваме.
ќе преседава со Комитетот на министри во Советот може да покаже дека земјата е подготвена да биде полноправен член и на Европската Унија, бидејќи организацијата и претседатествувањето со Советот на Европа е многу сличен со претседателствувањето со ЕУ.

„Јас сум оптимист дека ќе можеме да се претставиме во добро светло, она што би сакал да апелирам на крај е во сето ова да биде вклучена и опозицијата, затоа што треба да оставиме впечаток дека ова е нешто за што сите се залагаме и нешто во што сите треба да учествуваме“, вели Андреј Жерновски од ЛДП.
Македонски пошти издадоа поштенска марка по повод Македонското претседателство со Советот на Европ

И од СДСМ велат дека преседавањето со Советот е многу важно посебно за мала земја како што е Македонија.

„Државите тоа го користат како максимална реклама за себе си, да покажат каков капацитет имаат за организација, за претставување, за наметнување на некои теми на меѓународната агенда“, вели Гордан Горгиев од СДСМ.
Претседавањето со Советот на Европа, е можност Република Македонија да ги промовира своите надворешно политички цели. Тоа е како можност во рамките на еден мултилатерален план да отворат определени прашања кои се исклучително важни не само за Република Македонија, туку и пошироко.


Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека со претседавањето ќе се унапреди имиџот на земјата. Груевски се надева дека земјата ќе има одлично претседателство, дека ќе остави одличен впечаток и ќе биде пример за сите понатаму кои ќе претседателствуваат со оваа институција.

Приоритетите на Македонското претседателство ќе бидат борбата против корупцијата, ефикасност на судството, засилена заштита на човековите права и на националните малцинства, како и поголемо вклучување на младите во политичките и демократските процеси во Европа.

Професорот Звонимир Јанкуловски кој беше амбасадор во Советот на Европа, вели дека тоа што на преседавањето со Советот на Европа се гледа како на историски чин ќе беше уште поголем настан ако земјата беше примена под уставното име. Но, сепак претседавањето од шест месеци може многу да и донесе на земјата.

„Претседавањето со Советот на Европа, како можност Република Македонија да ги промовира своите надворешно-политички цели, како можност во рамките на еден мултилатерален план да отвори определени прашања кои се исклучително важни не само за Република Македонија, туку и пошироко, секако е настан од исклучително значење во надворешната политика на Република Македонија.“

Претседавањето, што се одвива по ротирачки редослед, Македонија го наследува од Швајцарија, а по шест месеци ќе и го предаде на Турција.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG