Достапни линкови

Нов облак од пепел кон Европа


Нов облак од вулканска пепел се движи кон Британија. Сепак, повеќе авиони денеска почнаа да летаат низ цела Европа. Милиони патници се заробени или пак нивните патувања беа прекинати поради облакот од Исланд.

Нов облак од пепел од вулканот на Исланд се движи кон Британија. Ова предупредување беше издадено во моментот кога многу европски аеродроми се подготвуваат денеска да ги обноват летовите, по петдневната блокада предизвикана од вулакнскиот облак.
Поголемиот дел од воздушниот простор во Европа, е затворен од минатиот четврток поради стравувањата дека пепелот би можело да предизвика дефект во авионските мотори. Еврокомесарот за транспорт Сим Калас по вчерашниот состанок на ресорните министри на Европската Унија изјави:

„Од утре изутрина, ќе видиме како постепено повеќе авиони ќе почнат да летаат, а ова е добра вест за заглавените патници во Европа, добра вест за авионската индустрија и за другите сектори на економијата тешко погодени од ова криза“
Се согласивме да се држиме до одредени меѓународни воздухопловни правила и ние ќе ги преземе овие мерки за отворање на воздушниот простор на Европската унија, чекор по чекор, без да ја доведеме во опасност безбедноста на патниците.

Евроминистрите го поделија небото на Европската унија на три зони и само една, каде што концентрацијата на пепел ќе биде најголема, ќе биде целосно затворена за сообраќај. Која ќе биде таа ќе се одредува врз основа на сателитските снимки.

„Не може да се прави компромис околу безбедноста. Сите одлуки мора да бидат базирани врз научни докази и експертски анализи. Ни треба поголема соработка во изнаоѓањето решенија за кризата“, рече европскиот комесар за транспорт Сим Калас.

Тој додаде дека прекинот на авиосообраќајот би можело да предизвика поголем економски удар врз авионската индустрија од оној по терористичките напади од 11 септември врз Њујорк и Вашингтон во 2001 година, кога три дена беше затворен американскиот воздушен простор. Тоа го потврди и германскиот министер за транспорт Петар Рамзауер кој изјави:

„Се согласивме да се држиме до одредени меѓународни воздухопловни правила и ние ќе ги преземе овие мерки за отворање на воздушниот простор на Европската унија, чекор по чекор, без да ја доведеме во опасност безбедноста на патниците.“

Според Бо Редеборн, од Агенцијата за воздушен сообраќај Еуроконтрол, доколку не се случи нешто непредвидено, тогаш воздушниот сообраќај во Европа би требало да се нормализира до четврток. Еуроконтрол соопшти дека вчера околу една третина од летовите во Европа или меѓу осум илјади и девет илјади беа остварени од околу 28-те илјади предвидени.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG