Достапни линкови

Авионите не „летаат“ во Европа


Знак пред аеродромоот Орли во Париз 18.04 2010
Знак пред аеродромоот Орли во Париз 18.04 2010

Нема компромис кога станува збор за безбедноста на патниците. Ова е ставот на Европската Унија за можно олеснување на ограничувањата во воздушниот сообраќај во Европа, предизвикани од вулканскиот пепел од Исланд. Авио организацијата ИАТА ги критикувапе властите и притискаше за обнова на авио сообракајот во Европа.

Од Европската Унија соопштија дека не може да се ризикува безбедноста на патниците во услови кога облак вулканска пепел се шири над европскиот континент. Авиокомпаниите кои претрпеле штета од вулканскјата ерупција во Исланд можеби ќе добијат право на помош, соопштија од Унијата. Воздушниот сообраќај веќе 5 ти ден е блокиран во поголемиот дел од континетот. Американски државен службеник, пак, потврди дека во моторот на воен авион на НАТО алијансата била пронајдена стаклеста смеса, предизвикана од навлегугвање на вулканска прав од облакот.

Меѓународната транспортна асоцијација соопшти дека европските власти биле многу непрофесионални при проценувањето на ризикот од облакот вулканска пепел, која се рашири над европскиот континент по ерупцијата на вулкан во Исланд. Првиот човек на организацијата попозната како ИАТА, Џовани Бисигнани рече дека до сега немало проценка на ризиците, немало консултации нити пак биле изведени било какви заклучоци за целата ситуација. Тој додаде дека воздушните простори мора да се отворат што е можно побргу, откако ќе се добијат факти изведени од тестирања. Поради облакот вулканска пепел, во изминативе четири дена беа откажане повеќе летови од северна и централна Европа. Авиокомпаниите пријавуваа штети во висина од 200 милиони американски долари дневно. Околу 80 отсто од воздушен простор на ЕУ, во повеќе од 20 земји е затворен за комерцијални летови. Според Евроконтрол, од четвртокот се откажани 63.000 летови што погоди околу 7 милиони патници во целиот свет. Авио сообраќајот и натаму е парализиран.
Поради вукланскиот чад од Исланд над Европа, патници се заглавени дури и од Пекинг.

„Живеам во Пекинг. Мојот лет е откажан. Велат ќе продолжи во мај. Јас сум загрижен. Ке го пропуштам испитот.“
Мојот лет е откажан. Велат ќе продолжи во мај. Јас сум загрижен.

Приказна, иста или слична како и сите оние кои се слушаат од четвртокот, кога почна затворањето на аеродромите во Европа, кога започна голготата на патниците. Од Пекинг одиме во Даблин.

„Ние контактиравме со ирската амбасада и тие ветија дека ќе ни се јават. Ако не може со авион, барем со фери брод да стигнеме некако дома.“

Приземјените европски авиокомпании, кои побараа од воздухопловните власти итно преиспитување на ограничувањето за летање, наведуваат дека ерупцијата на вулканот не е невобичаен настан, но постапките кои се применуваат во другите делови од светот не содржат вакви ограничувања како во Европа.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG