Достапни линкови

Македонска делегација на самитот „Заедно кон ЕУ“


Граѓани го прославуваат позитивниот извештај на ЕК за Македонија, кој беше објавен во октомври
Граѓани го прославуваат позитивниот извештај на ЕК за Македонија, кој беше објавен во октомври

Експертите сметаат дека Самитот за европската иднина на Западниот Балкан што ќе се оддржи на Брдо кај Крањ во Словенија, е мошне значаен за регионот и ќе ги разјасни перспективите за приклучување кон Унијата. На Самитот ќе присустува македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски.

Македонската делегација што ќе учествува на Самитот за европска иднина на Западниот Балкан на Брдо кај Крањ во Словенија ќе биде предводена од премиерот Никола Груевски, информираат во Владата. Во делегацијата учествуваат и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Темата на конференцијата е ,,Заедно кон ЕУ". Поранешниот амбасадор во Словенија, професор Димитар Мирчев вели дека Самитот е многу значаен за Македонија. Мирчев оценува дека после овој самит, но и после големата конференција за Западен Балкан, која Советот на Европа и Европската унија ја
Ние се разбира имаме свои тешкотии и ваквите собири практично значат давање подршка на Македонија, па и на другите земји за надминување на таквите тешкотии.
планираат за јуни годинава во Сараево, перспективите за приклучување кон Унијата ќе бидат појасни. Речиси сите земји на Балканот имаат меѓусебни нерешени прашања, вели Мирчев.

„Ние се разбира имаме свои тешкотии и ваквите собири практично значат давање подршка на Македонија, па и на другите земји за надминување на таквите тешкотии.“

Мирчев вели дека проблемите што постојат меѓу балканските земји не може да се решат на еден самит, но многу е важно што се покажува добра волја за надминување на проблемите.

„Се работи за една добра воља, регионално да започнат без интервенции од меѓународната заедница или пак од ЕУ, да започнат сами да ги разрешуваат тие прашања.“

На ден пред одржувањето на конференцијата, се уште не се знае конечниот список на учесници. Подготвеност да присуствуваат на Конференцијата изразија престедателот на ЕУ Херман ван Ромпеј, министерот за надворешни работи на земјата претседавач со ЕУ Шпанија, Мигел Анхел Моратинос и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Сепак се чини дека српскиот претседател Борис Тадиќ ги помати сметките. Тој најави дека нема да учествува на Самитот, ако косовската делегација не биде претставена согласно
Ставот од ЕУ што беше лансиран пред месец и повеќе, дека доколку не се реши проблемот со името на Македонија, практично целиот регион може да се дестабилизира јас мислам дека уште повеќе ќе се потенцира тој став.
резолуцијата 1244 на ОН, односно да биде претставено како Косово-УНМИК.Светските новински агенции јавија дека, од присуството на Тадиќ ќе зависи и доаѓањето на ван Ромпеј и Моратинос на конференцијата. Професор Мирчев вели дека е различна тежината на Конференцијата, со или без учеството на Србија. Од дрга страна, професор Мерсел Биљали вели дека пораките што ќе бидат упатени не зависат многу од нивото на учесниците на самитот.

„Ставот од ЕУ што беше лансиран пред месец и повеќе, дека доколку не се реши проблемот со името на Македонија, практично целиот регион може да се дестабилизира јас мислам дека уште повеќе ќе се потенцира тој став, така што тоа ќе биде силен сигнал до нашите власти, за уште посериозно да го сватат проблемот.“

Мирчев додава дека важноста на самитот не треба да се гледа само во решавањето на проблемите, туку и во можноста за договори во однос на економска и друга соработка меѓу земјите.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG