Следна емисија


Анкета

... ... ...


ТВ Интервју


Понеделник - A1 во 9:00
Недела на :
АЛСАТ во 9.00
Тера во 17.00 , 20.00 , 22.00
Кис во 21.45 и во пон. 13.00
ТВ М во 17.00 , 22.00
ВИС во 21.10
Здравкин во 17.00
ЕРА во 17.45
Калтрина во 18.30 нед. и пон





Македонија

Женско фудбалско првенство во Куманово?

Куманово

Куманово

28.02.2010

Годинава од 24 мај до 6-ти јуни Куманово активно и соодветно ќе се вклучи во организацијата на Младинското европско првенство во фудбалот за жени до 19 години. Куманово и уште три града во Македонија ќе бидат дел од оваа спортска манифестација

Годинава од 24 мај до 6-ти јуни Куманово активно и соодветно ќе се вклучи во организацијата на Младинското европско првенство во фудбалот за жени до 19 години. Градот со спортска традиција и спортски дух овојпат на Фудбалската федерација на Македонија и излезе во пресрет со тоа што на фудбалскиот стадион „Милано“ ќе обезбеди добра организација која со директен медиумски пренос ќе го презентира Куманово како спортски град. Затоа секретарот на ФФМ Игор Клемпер, претседателот на Сојузот на спортови за Куманово Виктор Божиновски и градоначалникот Зоран Дамјановски потпишаа меморандум за соработка.
Во околината на стадионот ние ќе создадеме услови бидејќи натпреварот ќе биде директно пренесуван преку повеќе медиуми со што Куманово ќе се претстави во најдобро можно светло


,,Благодарни сме што градоначалникот и претседателот на Сојузот на спортови Божиновски ни излегоа во пресрет во организирање на ова првенство и се надеваме дека со заеднички сили ќе обебзедиме европски услови и европски стандаради."

Изјави Клемпер. Куманово заедно со уште три градови во земјава ќе биде дел од оваа спортска манифестација.

,,Презедовме одговорност да создадеме услови за натпреварот што ќе се одвива согласно спортските стандарди на УЕФА. Стадионот на „Башкими“ („Милано“) е изграден според тие стандарди на ниво на државата кои се компатибилни со УЕФА за тој натпревар. Во околината на стадионот ние ќе создадеме услови бидејќи натпреварот ќе биде директно пренесуван преку повеќе медиуми со што Куманово ќе се претстави во најдобро можно светло."

Изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
Љубителите на спортот веројатно масовно ќе бидат заинтересирани за следење на спортскиот натпревар од европски ранг, со што и Куманово по долгогодишен застој во вакви спортски манифестации ќе се потсети на минатото. Младите генерации пак ќе имаат можност да го почувствуваат спортскиот дух на своите претходници кои знаеа да уживаат во натпреварите и секогаш соодветно и со овации да го поддржат подобриот тим.
Овој форум е затворен
     
Коментирајте
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.
     
Големина на буквите - +

Хајд Парк - Ваш став

Се стега ли ременот со ребалансот на буџетот? Што мислите како тоа ќе се одрази врз платите, пензиите, здравството... Погледнете ја анкетата и коментирајте тука.

Повеќе