Следна емисија


Анкета

... ... ...


ТВ Интервју


Понеделник - A1 во 11:45
Недела на :
АЛСАТ во 9.00
Тера во 17.00 , 20.00 , 22.00
Кис во 21.45 и во пон. 13.00
ТВ М во 17.00 , 22.00
ВИС во 21.10
Здравкин во 17.00
ЕРА во 17.45
Калтрина во 18.30 нед. и пон





Политика

Европски делегации во Скопје

Од последната посета на Зоран Талер на Скопје

Од последната посета на Зоран Талер на Скопје

18.02.2010

Eдновременото присуство на двете европски парламентарни делегации, како и на комесарот за проширувањето Штефан Филе во Скопје, носи многу важна порака, а тоа е дека навистина сме заинтересирани да се направи напредок, изјави известувачот за Македонија во ЕП, Зоран Талер.

Едновременото присуство на двете европски парламентарни делегации и на комесарот за проширувањето Филе во Скопје во овој важен момент носи многу важна порака до земјата кандидат за ЕУ дека ние навистина сме навистина заинтересирани да се направи напредок, изјави по средбата со премиерот Груевски и вицепремиерот за евроинтеграции известувачот за Македонија во ЕП, Зоран Талер. Ја донесовме резолуцијата со огромно мнозинство барајќи од Советот да додели датум во март и без понатамошни одложувања.
Помина времето кога ова прашање беше само билатерално, сега тоа е прашање на стабилноста во регионот што е европско прашање и на регионална одговорност


„Помина времето кога ова прашање беше само билатерално, сега тоа е прашање на стабилноста во регионот што е европско прашање и на регионална одговорност. И нашата порака до нашите пријатели во Атина е исто така многу јасна, ако сакате да ја одиграте улогата што ја заслужувате, треба подобро да се поставите спрема ова прашање.“

Изјави Талер. Тука сме за да го искажеме нашиот став дека сакаме оваа отворена можност којашто е многу мала и многу куса од шест месец, да ја искористите за да влезете во пристапни преговори. Ако оваа отворена можност којашто ќе трае уште околу 3-4 месеци не ја искористите, одложувањето може да предизвика големи проблеми. Порача копретседавачоѕт со мешовитиот комитет Јоргос Шацимаркакис.

„Не сме само декларативно овде ние сме три дена овде, вообичаено комесарот за проширувањето не ја придружува парламентарната делегација, но тој доаѓа. Значи, тука сме две институции. Ќе видите, ќе постои приситок но тој исто така ќе биде и врз Скопје не само врз Атина на двете страни зошто сакаме да ја деблокираме ситуацијата.“
Значи, тука сме две институции. Ќе видите, ќе постои приситок но тој исто така ќе биде и врз Скопје не само врз Атина на двете страни зошто сакаме да ја деблокираме ситуацијата

Шацимаркакис рече дека од премиерот Груевски добил позитивни сигнали кои му даваат за право да верува дека спорот наскоро може да биде решен.

„Јас сум позитивно изненаден од подготвеноста на вашиот премиер Груевски за вистински преговори. Изнанаден сум и среќен и благодарен за новите идеи и се надеваме дека наредните недели ќе донесат резултати.“

Шацирмаркакис рече и дека спорот треба да го реша Папандреу и Груевски на билатерално ниво. Реформите треба да продолжат, а македонските донесувачи на одлуки сега треба да зборуваат со еден глас зошто станува збор за национален интерес и треба да се дојде до една заедничка позиција, им порача Талер на политичките партии во власта и во опозицијата.
Овој форум е затворен
     
Коментирајте
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.
     
Големина на буквите - +

Хајд Парк - Ваш став

Каде е подобро да се студира во Македонија? На државен или приватен факултет? Од што зависи, од парите или од понудениот квалитет на образование? Погледнете и коментирајте.

Повеќе