Следна емисија


Анкета

... ... ...


ТВ Интервју


Понеделник - A1 во 9:00
Недела на :
АЛСАТ во 9.00
Тера во 17.00 , 20.00 , 22.00
Кис во 21.45 и во пон. 13.00
ТВ М во 17.00 , 22.00
ВИС во 21.10
Здравкин во 17.00
ЕРА во 17.45
Калтрина во 18.30 нед. и пон





Политика

Со намален буџет за одбрана во НАТО?

09.02.2010

Буџетот за одбрана е намален и според Министерството за одбрана не влијае на намалување на борбената готовност на АРМ. Сепак, познавачите велат дека буџетот не треба да се намалува и дека потегот може да се толкува и како политичка порака на разочараност.

Намалувањето на буџетот на Министерството за одбрана не влијае на намалување на борбената готовност на АРМ, тврди заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.
Овој акт на буџетот воопшто не го доведува во прашање извршувањето на обврските на Министерството за одбрана и Армијата.


„Овој акт на буџетот воопшто не го доведува во прашање извршувањето на обврските на Министерството за одбрана и Армијата. Со внатрешно прераспределување ние и годинава обезбедуваме поддршка на се она што значи обезбедување висока борбена готовност и извршување на првата мисија на АРМ, а тоа е гарантирањето на суверенитетот на Република Македонија.“

Челниците на Министерството за одбрана и на АРМ денеска го брифираа претседателот и врховен командант на армијата Ѓорге Иванов за борбената готовност на АРМ за 2009 година.

На брифингот во Министерството за одбрана присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњаноски, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Зоран Димов и дел од клучниот персонал на Генералштабот на АРМ.
Секое кратење на буџетот значи смалување на можноста да се достигнат капацитетите за подобра интероперативност или функционална соработка што би рекле со останатите сојузници

Годинава буџетот на Министерството за одбрана е најмал од 2006 година. Македонија за одбрана издвојува 1,65 проценти од бруто-домашниот производ. Еден од критериумите за Македонија од аспирант да стане полноправна членка на НАТО е за одбраната да издвојува меѓу 2,1 и 2,6 отсто од БДП. Според тој критериум, буџетот за одбрана за 2010 година требаше да биде поголем за најмалку 40 милиони евра.

Власта вели дека мора да го затегне ременот поради економската криза но опозицијата и дел од аналитичарите оценуваат дека тоа може да ја наруши способноста на армијата. Професор Нано Ружин е поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој вели дека не треба да се намалува буџетот за одбрана.

„Секое кратење на буџетот значи смалување на можноста да се достигнат капацитетите за подобра интероперативност или функционална соработка што би рекле со останатите сојузници.“

Ружин вели дека зад намалувањето на буџетот за одбрана можеби стојат и политички причини, а не само економската криза.

„Сметам дека ова што се случува не е коректно. Може да има одредена политичка позадина во смисла, еве ја покажуваме нашата разочараност.“ вели Ружин.

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски, кон крајот на минатата година оцени дека може да се очекуваат и дополнителни средства во буџетот кога ќе се надмине економската криза.
Овој форум е затворен
Редење на коментари
     
Коментирајте
Име: Zoran Град: Skopje
09.02.2010 15:36
Politickata elita na RM veke deklarirase edinici koi se staveni na raspolaganje na NATO za eventualna upotreba. Kratenjeto na resursite znaci nemoznost da se ispolnat obvrskite kon osposobuvanjeto na ovie edinici, ili polosata varijanta namaluvanje na borbenata sposobnost voopsto na edinicite na ARM. Dokolku politicarite baraat ispolnuvanje na site obvrski od strana na ARM potrebno e resursite da bidat pravilno rasporedeni i sekako dodeleni.

Име: Бојан Град: Скопје
09.02.2010 15:18
Паметен чекор во однос на НАТО. Ова е еден од ,,добрите,, инструменти да им се потенцира на НАТО членките дека има опаѓање и добивање на неутралност кај македоските граѓани а со тоа и на Владата. Полека и тактички...нека се прашааат дали ќе продолж да биде мајка и маќеа или третманот ќе биде ЕТИЧКИ каков што му е и самиот статут!

Име: Алек Град: Скопје
09.02.2010 13:03
Политичката порака треба да биде "Сите услови се исполнети за 2.1 до 2.6 % од ГДП буџет но НАТО најпрво треба да си го реши внатрешниот проблем на финансирање по потоа да очекува искрен парнер".
     
Големина на буквите - +

Хајд Парк - Ваш став

Каде е подобро да се студира во Македонија? На државен или приватен факултет? Од што зависи, од парите или од понудениот квалитет на образование? Погледнете и коментирајте.

Повеќе