Следна емисија


Анкета

... ... ...


ТВ Интервју


Понеделник - A1 во 9:00
Недела на :
АЛСАТ во 9.00
Тера во 17.00 , 20.00 , 22.00
Кис во 21.45 и во пон. 13.00
ТВ М во 17.00 , 22.00
ВИС во 21.10
Здравкин во 17.00
ЕРА во 17.45
Калтрина во 18.30 нед. и пон





Македонија

Младински клуб „Проактив“ во Куманово

Куманово

Куманово

08.02.2010

За подобро организирање на средношколската младина и на онаа до 25 годишна возраст, во Куманово се отвори Младински клуб „Проактив“. Клубот ќе биде место за собирање на сите етнички заедници.

За подобро организирање на средношколската младина и на онаа до 25 годишна возраст, во Куманово се отвори Младински клуб „Проактив“. За профункционирање на клубот вклучена е соработка на Центарот за неформално образование „Триаголник“ и Детската фондација „Песталоци“од Скопје, Хуманитарната организација „Мајка“ и локалната самоуправа од Куманово и ОБСЕ. Младинскиот клуб „Проактив“ според Мирјана Ѓорговска од „Триаголник“ ќе биде место за собирање на младите од сите етнички заедници.
И нивното учество во разни активности во знаењето и вештините,како што се разни тренинзи,спортски активности,размена на икуствата на младите


,,И нивното учество во разни активности во знаењето и вештините,како што се разни тренинзи,спортски активности,размена на икуствата на младите."

Младинскиот клуб во Куманово кој е и прв од таков вид во општината ќе ги запознава и поттикнува младите на волонтерството вели Лидија Илиевска од Хуманитарното здружение „Мајка“.

,,Благодарение на „Триаголник“ од Скопје, локалната самоуправа која ја отстапи просторијата на месна заедница ќе ги активира младите од средните училишта и возраст до 25 години. Во сите активности се промовира волонтерската работа на младите и преку тоа нашата заедница многу ќе придобие,а младите полесно ќе си го најдат своето место во локалната заедница."

Виктор Цветковски претседател на Општинскиот совет во Куманово вели дека соработката со невладините здруженија и со ОБСЕ е од поодамна, а според него најбитно е:

,,Проект за младинска соработка, оној кој што просветните работници од Општината Куманово успешно го поминаа и со ова младите ќе имаат свое катче за соработка и размена на искуствата за побрз и подобар напредок во иднина."

Вели Цветковски.
Младинскиот клуб кумановската младина ќе ја насочува кон конструктивно поминување на нивното слободно време, преку работа и воспоставување контакти со младите не само од земјава,туку и надвор од неа. За сега ова е прв и единствен младински клуб во Куманово.
Овој форум е затворен
     
Коментирајте
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.
     
Големина на буквите - +

Хајд Парк - Ваш став

Каде е подобро да се студира во Македонија? На државен или приватен факултет? Од што зависи, од парите или од понудениот квалитет на образование? Погледнете и коментирајте.

Повеќе