Следна емисија


Анкета

... ... ...

ТВ Интервју

Недела на:

Канал 5 во 16.45
Алсат во 16.15
Ера во 20.00
Тера во 16.45
Калтрина во 18.30
Кис во 19.00
М Охрид во 16.00
Вис во 11.30 и 14.00
Здравкин во 16.45





Економија

Ново задолжување на државата

03.02.2010

Трендот на задолжување за санирање на тековни расходи и достасани долгови на долг рок не е поволно за макроекономската стабилност на Македонија, се согласуваат експерти и претставници на опозицијата. Министерството за финансии вчера преку аукција на државни записи повлече 24 милиони евра од стопанството

Парите денеска би требало да се вратат на субјектите што купија државни записи пред шест месеци. Од министерството нагласуваат дека вчера записите биле продадени по историски најниска камата од пет проценти.
Она што посебно сакам да го потенцирам е играта што ја прават во владата, кога истакнуваат дека по многу помала камата се задолжиле од пет посто, во споредба со девет посто порано. А, забораваат да кажат дека да, беа повисоки но сепак по нивна вина но на денарските задолжувања, а сега овие се со девизна клаузула и камата од пет посто не е баш така ниска

Каматната стапка не е значително пониска од претходните, посочува пратеникот на опизициската ЛДП Слободан Најдовски:

„Она што посебно сакам да го потенцирам е играта што ја прават во владата, кога истакнуваат дека по многу помала камата се задолжиле од пет посто, во споредба со девет посто порано. А, забораваат да кажат дека да, беа повисоки но сепак по нивна вина но на денарските задолжувања, а сега овие се со девизна клаузула и камата од пет посто не е баш така ниска.“

На долг рок трендот на задолжување не е поволен за макроекономската стабилност, додава Најдовски

„Задолжувањето е добро кога би било за нови инвестиции во Република Македонија, за финансирање на капиталните расходи, а задолжување за финансирање на тековните расходи негативно ќе се одрази.“

Потребно е да се обрне внимание на инвестициите и на време да се прекине трендот на задолжување, вели професорот Тихомир Јовановски

„Во минатата година нашата влада неколку пати се задолжи по пат на емитување обврзници, еднаш во странство и неколку пати во земјата. Тоа би било се во ред, ако оди за развој. Јас лично мислам дека сеуште Македонија не е на работ на неможно покачување на задолженоста, има уште можности, но треба да се престане, да се врати назад, да се остварува во земјата она што може да се оствари.“
Државата се трансформира се повеќе место во социјална, во социјализирана економија.

Со актуелните задолжувања во земјава и странство се создава само лажна импресија дека на нешто се работи, додава Јовановски

„Јас мислам дека добро ја познавам економијата и сметам дека тоа е создавање на лажна импресија, во земјата и надвор дека еве со ова се живее подобро или ќе имаме нешто повеќе од порано. Напротив, државата се трансформира се повеќе место во социјална, во социјализирана економија.“
Овој форум е затворен
Comment Sorting
     
Коментирајте
Име: Emil Град: Skopje
03.02.2010 14:18
Пратеникот Најдовски најпрвин точно забележува дека каматата на последните записите не е драматично пониска од претходните година две кога каматите се движеа од 5.2 до 5.7 %.
Но потоа се гледа неговата неукост во еконимијата.
Овие државни записи од 2-ри Февруари се краткорочни, и доспеваат за 6 месеци.
Секоја влада на светот издава вакви краткорочни записи за подмирување на секојдневни расходи. Дури и при буџетен суфицит, државите низ светот издаваат вакви записи како би ја подобриле ликвидноста за секојдневните операции.

Задолжувањето за инвестиции, се прави не со кратокорочни записи, туку со обврзници на подолг период од 3, 5 , 10 и повеќе години.