Следна емисија


Анкета

... ... ...


ТВ Интервју


Понеделник - A1 во 9:00
Недела на :
АЛСАТ во 9.00
Тера во 17.00 , 20.00 , 22.00
Кис во 21.45 и во пон. 13.00
ТВ М во 17.00 , 22.00
ВИС во 21.10
Здравкин во 17.00
ЕРА во 17.45
Калтрина во 18.30 нед. и пон





Политика

Подготовки за предвремени избори?

Се подготвуваат ли за двобој? Претсдателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Груевски и Црвенковски

Се подготвуваат ли за двобој? Претсдателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Груевски и Црвенковски

01.02.2010

Официјално, сите се против предвремени избори, но според експертите подготовките се во тек. Премиерот Груевски се почесто може да се забележи со лопата в рака, како во предизборието пред локалните избори. Опозицијата пак денеска формира нов опозициски фронт.

Предвремените избори се тема којашто никој повеќе не ја одбегнува. Сите се против но подготвуваат терен. Опозицијата веројатно овој пат ја сфаќа посериозно коментираат експертите, па оттаму и денешното формирање на новиот опозициски фронт и
Окрупнувањето на опозицијата е знак дека нешто се случува во Република Македонија и дека не се без основа најавите дека можеби се подготвуваат предвремени избори во Република Македонија
претставувањето на платформата за уривање на власта. Веќе и реплицираа на власта дека не само што не се плашат од предвремени избори туку и се надеваат на победа. Засега даваат уште еден аргумент за тоа дека нешто се случува на темата избори.

„Окрупнувањето на опозицијата е знак дека нешто се случува во Република Македонија и дека не се без основа најавите дека можеби се подготвуваат предвремени избори во Република Македонија,“

изјави професорот Звонимир Јанкуловски. Ова според експертите е малку поорганизирана акција на опозицијата за разлика од досегашното делување засновано на чекање на пропустите на власта. Тие можеби гледаат шанса да дојдат до власта коментираат експертите, власта пак би сакала да добие потврда од народот во врска со потезите кои се тема на напади најмногу антиквизацијата како и одложувањето на евроитегративните процеси. Лошо е што подготовката за извори тангира и некои меѓуетнички теми коментира аналитичарот Алберт Муслиу.
Подигањето на меѓуетничките тензии е една од гарантираните карти да се собере добар дел од електоратот на своја страна. Со докажувањето кој е поголем патриот, кој е поекстремен, кој е позагрижен за својата етничка група.

„Подигањето на меѓуетничките тензии е една од гарантираните карти да се собере добар дел од електоратот на своја страна. Со докажувањето кој е поголем патриот, кој е поекстремен, кој е позагрижен за својата етничка група.“

Иако премиерот веќе неколкупати демантираше дека власта се подготвува за избори, а претседателот на ДУИ дека нема политичка криза за да се случат нови избори, партиите од опозицијата веќе по нова година почнаа да зборуваат за окрупнување и обединување на оваа страна. Опозициониот блок ќе го сочинуваат СДСМ , НСДП на Тито Петковски. ЛП на Стојан Андов , Нова алтернатива на Ѓорги Оровчанец, Новите слободни социјалдемократи на Љупчо Јордановски, Партијата на зелените и Турската партија на Ердоган Сарач.
Овој форум е затворен
Редење на коментари
     
Коментирајте
Име: dimitar Град: struga
01.02.2010 18:23
vreme e da ja padnime antikvizaciskata vlast, celiot makedonski narod e so opoziciskiot front

Име: pece Град: skopje
01.02.2010 18:06
ajde da ja butneme vlasta....

Име: ристе Град: скопје
01.02.2010 17:50
ваков фронт е потренбен на граѓаните за да можат да се кренат и да кажат дека оваа власт мора да си оди

Име: maja Град: bt
01.02.2010 17:48
dosta bese lazenje na narodot i trosenje pari za spomenici i fasadi, makedonija mora da trgne napred!

Име: александар Град: скопје
01.02.2010 17:44
кога ќе погледнеме околу нас и ќе видиме мост око дупки за музеј на вмро, за зграда на уставен суд, за опера, за сали, за тениски игралишта, споменици, цркви, долгови, стечајци во шатори, млекари пред влада, јаболко производители пред општина ресен, претепани студенти пред градска тогаш ќе се потсетиме на преродбата но како што вели преродбата македонија знае и памети но кога македонија памети и знае како да казни за сите изгубени години.

Име: ilija Град: skopje
01.02.2010 17:33
samo obedineta opozicija moze da go trgne ova zlo koe vladee poslednive godini vo makedonija

Име: david Град: skopje
01.02.2010 17:33
nemozam da zamislam kako ke bide reakcijata na gruevski i negovata partija koga ke go doziveat porazot na slednite izbori edvaj cekam da go vidam toj moment koga prerodbata ke zavrsi a za moja sreka nema da cekam dolgo

Име: goran Град: skopje
01.02.2010 17:32
konecno se sozdade opoziciski front koj ke mu pomegne na narodot da go zapre ova ludilo koe vladee so nego. Vreme e za otpor

Име: naser
01.02.2010 14:28
sekogash e taka koga dvajca se karat tretit pobeduva, sigurno ke ima zashto gruevski saka da nema makedonia
     
Големина на буквите - +

Хајд Парк - Ваш став

Се стега ли ременот со ребалансот на буџетот? Што мислите како тоа ќе се одрази врз платите, пензиите, здравството... Погледнете ја анкетата и коментирајте тука.

Повеќе