Достапни линкови

Дарко Булдиоски, Интернет консултант


Дарко Булдиоски, Интернет консултант
Дарко Булдиоски, Интернет консултант

Интернетот нема да ги уништи традиционалните медиуми како што се радиото, телевизијата или весниците. Ниту појавата на радиото ги уништи весниците, ниту појавата на телевизијата го уништи радиото, па ниту новите медиуми ќе ги уништат претходните. Сепак, ниту весниците, ниту радиото, ниту телевизијата нема да бидат какви што ги знаеме до сега.

Што очекувате во наредната година? Како ќе се, или како би требало да се развиваат медиумите?

Се надевам дека ќе се, а не дека би требало, традиционалните медиуми конечно да сфатат дека новите медиуми се реалност, дека се тука и дека мора да почнат да ги употребуваат онака како што би требало да ги употребуваат. Од една страна, да ги употребуваат, а од друга страна, да ги вклопат во рамките на своите медиумски програми, во рамките на своите презентации, во рамките на производството на
Традиционалните медиуми конечно да сфатат дека новите медиуми се реалност, дека се тука и дека мора да почнат да ги употребуваат онака како што би требало да ги употребуваат
информации...

Што се всушност нови медиуми?

Многу е тешко да разграничиме што се нови, а што стари или традиционални медиуми, меѓутоа се што е на овој или оној начин врзано со интернет, интерактивност, мултимедијалност, двонасочна комуникација, конверзација, може да се категоризира како нов медиум.
Она што е важно е дека блоговите, вики-страници се некакви носители, мрежите и сервисите за социјално вмрежување се исто така носители, но новите медиуми се многу повеќе од тоа. Овие се некои знаменосци зад кои стои цел еден нов начин на конзумирање и користење на самата информација.

Речиси половина од населението почна да користи интернет. Може ли да очекуваме интернетот или новите медиуми да ги уништат традиционалните медиуми?

Веќе некое време, континуирано се пласира таа теза, тој вокабулар на уништување. Не станува збор за уништување. Едноставно, медиумската еко-сфера е нова, има нови играчи и нови правила на игра и не станува збор за кој кого ќе уништи, заради тоа што ни еден медиум до сега не исчезнал. Се појави телевизијата, но радиото не исчезна, се појави радиото, но весниците не исчезнаа, иако многумина велат така. Сега се појавуваат новите медиуми, се појавува интернетот, но телевизијата нема да исчезне. Она што се случува е дека овие претходните ќе треба да ја адаптираат својата работа на новонастанатите услови, значи да се прилагодат, да ја најдат својата нова улога и нова функција во „овој свет“.
Медиумската еко-сфера е нова, има нови играчи и нови правила на игра и не станува збор за кој кого ќе уништи, заради тоа што ни еден медиум до сега не исчезнал. Се појави телевизијата, но радиото не исчезна, се појави радиото, но весниците не исчезнаа, иако многумина велат така


Со ширењето на интернетот и со појавата на новите медиуми, секој човек е всушност медиум, секој може да пласира одредена содржина на интернет. Како ги наоѓаме изворите што се релевантни и на кои што ќе им веруваме?

Принципот на стекнување веродостојност, односно доверба во еден медиум е, повеќе или помалку, индивидуална работа и сепак следи една логика на активности. Тоа што сега еден човек може да биде медиум сам за себе, придонесува малку негативно и малку позитивно. Од една страна, си велите кој е кредибилитетот на овој човек за јас да му верувам, но од друга страна, зголемената транспарентност и отвореност во рамките на овие нови медиуми придонесува до тоа, многу побрзо, да воспоставите директна комуникација со изворот на информации, да научите која е неговата експертиза, бидејќи тој најчесто на ја крие својата експертиза за да добие поголемо значение на својот исказ и на своите информации.

И тука, процесот на градење на доверба е горе-долу ист. Вие не му верувате веднаш на еден нов традиционален медиум што ќе се појави. Да речеме, утре ќе се појави нов дневен весник. Вие не му верувате инстантно, веднаш. Вие го читате, го следите и со тек на време креирате доверба. Истото се случува и на интернет и со новите медиуми. Значи, потребно е време, потребно е конзумирање на информации, со тоа што најчесто, особено кога зборуваме за блогови, ја нема онаа лажна објективност, па изборот за тоа дали и колку ќе му верувате на одреден блог е многу полесно да се направи во момент.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG