Достапни линкови

Македонија ги зголемува трупите во Авганистан


Министерот за одбрана Коњановски и војници на АРМ
Министерот за одбрана Коњановски и војници на АРМ

79 војници во февруари заминуваат во Авганистан. Според познавачите ова ќе го зголеми рејтингот на Македонија во НАТО.

Седумдесет и деветмина војници од Македонија идната година ќе заминат на мисија во Авганистан. Од министерството за одбрана информираат дека војниците привршуваат со обучувањето а упатените велат дека овој потег на македонските мировници ќе и го
Во 2010 година веќе најавивме такво зголемување во однос на претходната година, со нови 79 војници кои ќе бидат во заедничка мисија со нашите партнерски и пријателски сили од Националната гарда во Вермонт САД. И благовремено ги започнавме сите подготовки..
зголеми рејтингот на Македонија во НАТО.

Министерот за одбрана Зоран Коњановски во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека благовремено биле отпочнати сите подготовки за мисијата

„Во 2010 година веќе најавивме такво зголемување во однос на претходната година, со нови 79 војници кои ќе бидат во заедничка мисија со нашите партнерски и пријателски сили од Националната гарда во Вермонт САД. И благовремено ги започнавме сите подготовки.“

Коњановски вели дека војниците кои ќе учествуваат во мировната мисија ИСАФ се обучуваат во земјава и во странство:

„Нашите војници веќе кон крајот на 2009 година беа упатени во Луизијана на дообука, заедно со американските војници. Деновиве се вратија во Република Македонија и им следи дополнителна обука. Во февруари заминуваат на нова мисија во Авганистан.“
Секако дека испраќањето на нови војници во заедничката анти терористичка коалиција го подига рејтингот на Република Македонија

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин вели дека овој потег на македонските власти ќе и го зголеми рејтингот на земјава во алијансата

„Секако дека испраќањето на нови војници во заедничката анти терористичка коалиција го подига рејтингот на Република Македонија на сите нивоа во Алијансата и го зајакнува сојузништвото на членките на Алијансата. Но, исто така треба да знаеме дека во Авганистан има и трупи од држави кои се партнери или немаат амбиции да влезат во НАТО.“

Ружин додава дека единствен ризик е што новата тура војници се распределува во „жешките“ области на Авганистан

„Во секој случај тоа е добар потег, она што може да не загрижи е дека тие ќе бидат заедно со американските трупи во простори кои се мошне жешки и можат да резултираат и со жртви.“

Трошоците за оваа мисија кои се на товар на Министерството за Одбрана се проценуваан на околу 150 милиони денари. Инаку Претседателот Ѓорѓе Иванов вчера му упати писмо на американскиот претседател Барак Обама во кое меѓу другото се изразува надеж дека не е далеку денот кога Република Македонија и формално ќе го заземе местото во големото Евро-Атлантско семејство.
XS
SM
MD
LG