Достапни линкови

Средба Груевски - Косор


Премиерите на Хрватска и Македонија, Јадранка Косор и Никола Груевски
Премиерите на Хрватска и Македонија, Јадранка Косор и Никола Груевски

Односите меѓу Хрватска и Македонија се добри, констатираа по денешната средба премиерите на двете земји, Косор и Груевски. Косор изјави и дека Хрватска ќе ја поддржи Македонија на патот кон евроатлантските интеграции.

Хрватска ќе ја подржи Македонија на патот кон евроатланските интеграции, рече денеска Хрватскиот премиер Јадранка Косор по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски:
Тука пред се мислам на фактот што Хрватска е членка на НАТО Сојузот и дека сме при крај со преговорите за членство во Европската Унија. И понатаму на Македонија ќе и пружаме секаква можна подршка на евроатланскиот пат


,,Тука пред се мислам на фактот што Хрватска е членка на НАТО Сојузот и дека сме при крај со преговорите за членство во Европската Унија. И понатаму на Македонија ќе и пружаме секаква можна подршка на евроатланскиот пат. За тоа денеска и конкретно се договаравме."

Груевски посочи дека Македонија и Хрватска еднакво напредуваат кон Унијата:

,,Хрватска и Македонија имаат идентичен развоен пат во смисла на евроатлантските интеграции. На разговорите освен што беше отворено прашањето во врска со нашите евроатлантски интеграции и подршката во тој правец, разговаравме и за можноста во иднина кога тоа ќе биде потребно да имаме можноста за споделување на искуствата со Хрватска во однос на одредени нивни искуства кои што ги имаат стекнато во овој процес."

Денешната посета на Косор го отвора прашањето дали хрватско- словенечкиот модел кој двете земји го применија за решавање на нивниот граничен спор е применлив за решавање на македопнско - грчкиот спор? Радмила Шекеринска од опозициската СДСМ вели дека теоретски можно е Грција и Македонија да се договорат дека ќе се договорат:
Хрватска и Македонија имаат идентичен развоен пат во смисла на евроатлантските интеграции


,,И во тој случај Грција би ја презела обврската дека ќе го поддржи почетокот на преговори во декември, а Македонија би ја зела обврската да гарантира успешни преговори при што би бил земен предвид и резултатот од една правна процедура."

Координаторот на пратеничката група на другиот партнер во владеачката коалиција, ДУИ Тахир Хани вели дека применливоста на хрватско-словенечкиот модел мора да се анализира:

,,Дали би се употребил моделот на Хрватска и Словенија тоа треба да се види, тоа треба да се анализира."
XS
SM
MD
LG