Достапни линкови

Што ќе донесе визната либерализација?


Граѓани со македонското и знамето на ЕУ по позитивниот извештај на ЕК
Граѓани со македонското и знамето на ЕУ по позитивниот извештај на ЕК

Генерално граѓаните, бизнисмените и експертите позитивно гледаат на најавената визна либерализација. Но, стручната јавност предупредува и на можноста од негативни ефекти поради очекувањата од бројни иселувања.

Македонските граѓани од наредната година, веројатно ќе може да патуваат без виза во 25 од 27-те земји од Европската унија. Конечната одлука за укинување на визите треба да ја донесе Советот на министри со двотретинско мнозинство од земјите членки на Унијата. Состанокот треба да се одржи на крајот на месецов. Ако одлуката биде позитивна, визите би можеле да се укинат за многу краток период. Од шенген-листата се исклучени единствено Велика Британија и Ирска. За патување во овие две земји ќе треба виза и по визната либерализација.Домашните политичари и експерти се согласуваат дека укинувањето на визите, генерално, позитивно ќе се одрази на граѓаните на земјава. Тие сметаат дека укинувањето на визите позитивно ќе се одрази на бизнисот и на образованието и ќе придонесе за европеизација на општеството. По укинувањето на визите може да се очекува зајакнување на културните и економските
Како студент би сакала да ја прошетам Европа, да видам каков е животот таму, бидејќи до сега ја немав таа можност, знаеме како е со чекањето редови пред Амбасади, чекање да ти дадат виза
врски со ЕУ, велат тие. Се чини дека на укинување на визите најмногу му се радуваат студентите и покрај тоа што тоа нема да им помогне да го продолжат школувањето во земјите од Европската унија. Со укинувањето на визите само се олеснуваат туристичките патувања. Откако земјава ќе добие визна либерализација, македонските граѓани ќе може легално да се задржат во Унијата 90 дена во текот на шест месеци. За студирање во странство, исто како и до сега, ќе мора да се извади студентска виза. Студентката на правниот факултет Андреа Краевска вели дека не е загрижена поради тоа. Со укинувањето на визите ми се отвора можност да ја видам Европа и да стекнам нови искуства, вели таа.

Евроамбасадорот Ерван Фуере и вицепремиерот Васко Наумовски на прес конференција по извештајот на ЕК
,,Како студент би сакала да ја прошетам Европа, да видам каков е животот таму, бидејќи до сега ја немав таа можност, знаеме како е со чекањето редови пред Амбасади, чекање да ти дадат виза."

Слично мислење дели и нејзината колешка Кристина Трпковска.

,,Можеби би одела на некое доусовршување, но и тоа не ми е топ приоритет, туку повеќе така за прошетки."

Со визната либерализација се задоволни и бизнисмените. Тие велат дека со укинување на визите ќе им се олеснат службените патувања за склучувања на трговски договори, но и дека ќе може полесно да присуствуваат на семинари, конференции и обуки за усовршување и стручно унапредување. Укинувањето на секоја пречка го олеснува работењето, вели бизнисменот Ѓорѓи Тренев.

,,Ќе се олеснат контактите кои престојат и соодветно на тоа и патувањата, така да во секој случај е голем плус за сите релации кои што
Ќе се олеснат контактите кои престојат и соодветно на тоа и патувањата, така да во секој случај е голем плус за сите релации кои што ќе ги имаме со ЕУ и тоа е она што го очекуваме
ќе ги имаме со ЕУ и тоа е она што го очекуваме."

Претседателот на Сојузот на стопански комори Бранко Азески вели дека укинувањето на визите е значајно за македонските бизнисмени, зашто две третини од македонскиот извоз оди во земјите од Европската унија. Тој вели дека укинувањето на визите значајно ќе ја подобри динамиката со која се одвива таа соработка.

,,Придобивките за компаниите ќе бидат големи затоа што таквиот развој на соработка, безвизен, практично ќе не доведе во ситуација да организираме и нови бизниси итн."

Укинување на визите ќе значи полесен пристап на луѓето, но не и на македонските производи во Европа. Американската агенција УСАИД има проект за конкурентност со кој им помага на македонските компании, да го најдат својот пат до странските пазари. Јасминка Варналиева од УСАИД вели дека визната либерализација ќе му помогне на бизнисот, но дека една од главните причини зошто македонските производи недоволно се извезуваат во ЕУ е немањето стандарди за квалитет.

,,Визната либерализација не е толку од пресудно значење, според мое мислење, за влегувањето на нашите производи на светските пазари, таа ќе им го олесни патувањето на нашите делови луѓе кои што ќе можат полесно да патуваат и да остваруваат тесни контакти со своите купувачи во странство, меѓутоа повторно би кажала дека за да можат да бидат производите извезувани, тие мора да достигнат одредено ниво на квалитет и да исполнат одредени стандарди."
Би сакала да останам во Македонија, меѓутоа ако се најде некоја подобра работа или доколку ми се допадне во некоја земја најверојатно би останала, незнам


Може ли визната либерализација, освен позитивните, да донесе и негативни ефекти? Дел од аналитичарите сметаат дека визната либерализација може да го зголеми бројот на граѓани што ќе ја напуштат земјава и ќе заминат на печалба во странство. Иако укинувањето на визите не значи и дозвола за работа во земјите од Европската Унија, се очекува дел од работната сила, на таканаречените туристички патувања во странство да се обиде да најде работа „на црно“. Дел од експертите стравуваат и од зголемен одлив на мозоци, односно од заминување од Македонија на најквалитетните кадри, особено во професиите кои се дефицитарни во Европската унија. Дел од студентите со кои разговаравме велат дека не им е целта да заминат од земјава, но ако по дипломирањето не успејат да се вработат, не ја исклучуваат таа можност. Студентката Краевска вели дека пред се сака да патува во Европската Унија.

,,Би сакала да останам во Македонија, меѓутоа ако се најде некоја подобра работа или доколку ми се допадне во некоја земја најверојатно би останала, незнам."

Нејзиниот колега Дарко Стојановски вели дека во Европската Унија гледа можност за вработување и за подобра заработка.

,,Да, јас би сакал да живеам и да работам во ЕУ меѓутоа исто така по некое време би сакал и да се вратам."

Тој смета дека заминувањето на квалитетните кадри од земјава може да ги натера домашните фирми да ги зголемат платите за да ги задржат квалитетните кадри.

,,Некој инженер или ИТ техничар, тие се повеќе платени во Европа отколку кај нас и кога ќе дојде на пример до излив на тие кадри, кога ќе има се помалку таков кадар во Македонија, можеби ќе се зголемат платите за да останат тука, за да помогнат на домашните фирми."

Претседателот на Сојузот на стопански комори Бранко Азески вели дека дека ако се случи поголем одлив на кадри, можно е да се
Значи со еден збор, мислам дека ќе има негативно влијание за развојот на Македонија. Македонија без војна, ќе одумира, ќе се иселува и ќе се запустува
подигне цената на трудот.

,,Можеби ќе има и одлив на работна сила како што се случи со влезот на земјите од поранешниот источен блок, сигурно и ние ќе поминеме низ тие процеси, веројатно тоа ќе ја зголеми потребата дома за работна сила и можеби и ќе ја подигне цената."

Знамето на Европската Унија
Според последниот извештај на Балкан Галуп, една четвртина од Македонците изразиле подготвеност да заминат од земјава. Повеќе од две третини од испитаниците што сакаат да заминат, одговориле дека дека не сакаат трајно иселување од земјава туку само привремен престој и печалба во странство. Сепак, помалку од една третина од оние што одговориле дека сакаат да ја напуштат Македонија, одговориле дека имаат дефинитивни планови за имигрирање.
Професор Димитар Мирчев вели дека мора да се предвидат многу можни ситуации по укинувањето на визите. Мобилноста, патувањата, миграциите и професионалните контакти се многу битни, но ние се уште немаме симулација што ќе се значи укинувањето на визите, вели тој.

,,Дали ќе се случи некои земји сосема да се испразнат, да се намали бројот не само на невработени, туку и на вработени што е посебно тежок проблем за стопанството на тие земји или пак ќе има една нормална комуникација? Мислам има таков вид на проблеми кои што ќе треба да ги проучиме или пак да превенираме."

Претседателот на Евроатлантскиот Совет на Македонија Ризван Сулејмани пак вели дека иселувањето веројатно нема да биде драматично за да се одрази негативно на земјава.

,,Не верувам дека ќе се испразни до таа мерка, но сигурно дека ќе донесе релаксација на односите посебно во делот на социјалните случаи кои што веројатно во првиот налет ќе бараат начини како да отидат од земјата."
Викаат старите: Каменот си тежнее на своето место. Македонија сепак е земја на нашите граѓани кои што живеат тука. Тоа е мојата оценка што треба да се прави и да создадеме подобри услови и влез на Македонија во ЕУ


Професор Лазар Лазаров, пак вели дека по укинување на визите опасноста од иселување станува реална.

,,Значи со еден збор, мислам дека ќе има негативно влијание за развојот на Македонија. Македонија без војна, ќе одумира, ќе се иселува и ќе се запустува."

Тој вели дека само Европеизацијата на Македонија може да го спречи одлевањето на македонските кадри во западноевропските земји. Македонија треба да создаде услови за прилив на странски капитал, да ги поедностави условите за почнување на бизнис и да се реформира судството. Странците ќе ги донесат парите тука само ако им гарантираме безбедност на капиталот, вели Лазаров.

,,Викаат старите: Каменот си тежнее на своето место. Македонија сепак е земја на нашите граѓани кои што живеат тука. Тоа е мојата оценка што треба да се прави и да создадеме подобри услови и влез на Македонија во ЕУ."

И Сулејмани вели дека визната либерализација не може да биде алтернатива за евроинтеграциите.

,,Дефинитивно Владата и сите ние граѓани треба да се залагаме Македонија да стане членка на ЕУ, да биде дел од тој огромен пазар, цивилизација. Таа мора да има место во масата каде што се носат клучните одлуки за Европа и светот и не треба да прифати место каде што нашите граѓани ќе ја гледаат Европа како можност за одење на печалба."

Домашните аналитичари велат дека можеби по зачленувањето во Европската унија иселувањето од Македонија ќе се засили, како што се им се случи и на другите нови членки . Сепак, велат тие како што Македонија ќе се доближува до европскиот стандард, иселувањето ќе се намалува, а може да се очекува и враќање на оние што отишле на печалба во странство.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG