Достапни линкови

Средбата Груевски – Папандреу со голема симболика


Премиерите на Грција и Македонија Никола Груевски и Јоргос Папандреу
Премиерите на Грција и Македонија Никола Груевски и Јоргос Папандреу

Во Македонија едногласни се оценките дека вчерашната бриселска средба меѓу премиерите на Македонија и Грција е позитивен чекор кон нормализирање на односите меѓу двете земји.

Речиси едногласни се оценките дека вчерашната средба меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Брисел е позитивен чекор кон нормализирање на односите меѓу двете земји. Тие се сретнаа зад затворени врати и по завршување
Очигледно вчера се нема ништо спектакулрано случено, но добро е за создавање на еден позитивен амбиент.
то на средбата, не соопштија детали од разговорот.

Во владата не сакаат да зборуваат за можните идни иницијативи во поглед на подобрување на односите со Грција и упатуват на владиното соопштение по средбата.

Во соопштението стои дека Груевски и Папандреу истакнале дека изнаоѓањето взаемно прифатливо решение за името останува есенцијално и за Македонија и за Грција. Груевски денеска во Брисел повтори дека ако се најде решение за името ќе има референдум. „За мене тоа е затворено прашање“, изјави Груевски за МИА.

Пратеникот од опозицискиот СДСМ Владо Бучковски е последниот македонски премиер кој во 2006 година, исто така во Брисел, се сретна со неговиот тогашен грчки колега Костас Караманлис. Бучковски вели дека средбата е за поздравување и оти тоа значи одмрзнување на билатералните релации. Затоплувањето на односите може да ги олесни разговорите за името, кои влегуваат во завршна фаза, вели Бучковски.

Средба Груевски Папандреу во Брисел
„Очигледно вчера се нема ништо спектакулрано случено, но добро е за создавање на еден позитивен амбиент.“

Пред средбата, претседателот Ѓорге Иванов оцени дека мразот симболично е пробиен и најави дека ќе ја повтори неговата покана за средба со грчкиот претседател.
Македонската влада треба да излезе со конкретни решенија соодветно на последните предлози со нијансирање на последните потреби кои ги сметаме за важни

Македонските медиуми објавија дека до средбата дошло на покана од Папандреу. Имајќи ја предвид неговата средба со Караманлис, Бучковски сепак, вели дека веројатно имало и посредништво. Со ваквите средби се испраќа порака за создавање поволен амбиент до јавноста во Македонија и во Грција, вели тој.

„Не верувам дека инцидентно дојде до оваа средба. Сметам дека е вешто направена и е добар сигнал во пресрет на завршницата која ја очекуваме.“

Тој очекува притисокот за решавање на спорот за името да се зголемува и да станува „се посуптилен“. Професор Мерсел Биљали се согласува дека средбата има голема симболика. Сега е време симболиката „да се претвори во содржина“, вели Биљали.

„Македонската влада треба да излезе со конкретни решенија соодветно на последните предлози со нијансирање на последните потреби кои ги сметаме за важни.“

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека на средбата Папандреу порачал оти решавањето на спорот за името е прв и суштински предуслов за почеток на пристапните преговори за членство на „ПЈРМ во ЕУ“. Агенцијата посочува дека на средбата категорично било кажано дека решението треба да се бара во име со географска одредница за севкупна употреба.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG