Достапни линкови

Неделен печат – Енциклопедијата ќе се корегира


Скопје
Скопје

Главна тема на електронските и печатените медиуми и натаму се случувањата околу Македонската енциклопедија на МАНУ. Со различна конотација во информирањето медиумите се занимават со деталите што ќе претрпат промени.

Електронските медиуми во средата, а печатените во четвртокот ја објавија веста дека штотуку промовираната, од страна на премиерот и на претседателот на МАНУ, двотомна Македонска енциклопедија, инаку, проект финансиран од Владата, сепак, ќе претрпи корекции. Со различна конотација во информирањето, во зависност, мора да се каже, од партиските и личните гледања на мултиетницизмот на медиумот и на новинарите. ,,Нова Македонија,, во наднасловот пишува, цитирам: ,,Што бара средновековната племенска и тоталитарна алабанска политика-забрана на книга во 21 век,, за да продолжи дека наводно се барало енциклопедија во која Ахмети е борец за слобода, Македонците дојденци на албанска земја и 105 реда за Црвенковски. ,,Вечер,, својата информација ја насловува со малку ,,поблаг,, наслов: ,,Кој и со која крајна цел создава тензии за енциклопедијата, без реален повод и причина,, па додава дека тоа било, цитирам, ,,националистичко силеџиство врз науката и книгата,,. ,,Утрински весник,, ја пренесува изјавата на претседателот на Академијата, Старделов, дека отпечатените 50-ина книги нема да бидат повлечени, но во второто издание на Енциклопедијата ќе се корегирала спорната, според него, само една страница за Албанците во Македонија. Академик Старделов најавува дека подоцна ќе бидат вклучени и научни соработници од другите етнички заедници, зашто ова било поучно искуство и не било прв пат да се случува. Академикот преку медиумите најави дека ќе имало поправки и во делот за политичарите бидејќи и таму имало различен пристап, во зависност од личностите. ,,Дневник,,,,Утрински,, и Алфа ТВ објавија дека Груевски бил застапен со 104 редови, со детални објаснувања дека бил економист, политичар и премиер, а за поранешниот претседател на државата и неколкупати премиер Црвенковски имало триесетина реда со текст дека е лидер на опозиционата СДСМ. Сите медиуми, исто така ги пренесуваат писмените деманти на американската и британската амбасада на делот дека нивни специјалци,наводно ги тренирале борците на ОНА во 2001-та, како и на Брисел, преку евроамбасадорот Фуере, дека едно такво дело треба да ги одразува етничките реалности во држава како Македонија. За предлогот на ВМРО-НП доставен до Собранието за замена на постојниот државен грб со земскиот грб на Македонија од 17 век јавија сите медиуми, со нагласка на реакциите на партите на македонските Албанци дека новиот грб треба да има елементи на препознавање на сите етникуми во Македонија. Претседателот Ѓорѓе Иванов во Њујорк повторно се огласи со став дека Македонија никогаш не отстапила од двојната формула за името, туку кај нас имало само различни интерпретации кои создавале впечаток дека поддржуваме едно име за севкупна употреба, пренесоа сите медиуми. Груевски не планирал предвремени избори, а уште помалку варијанта за истовремено одржување референдум за името. Црвенковски нека не се плаши, ја цитираат весниците пораката на премиерот од Дојран.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG