Достапни линкови

Има политички дијалог, но не и политичка култура


Лидерска средба
Лидерска средба

Меѓуетничките односи во Македонија се една најчуствителните теми кои може да предизвикаат нестабилност. Според аналитичарите, политичките партии единствено мислат како да дојдат или останат на власт, а отсуствува политичка култура

Космодиск демократија, како што рече еден висок државен функционер, или меѓуетнички односи на македонски начин. Дали така добро функционира сето тоа во Македонија за да се смета за уникатен изум? Иако, за воспоставениот модел на функционирање
Во Шпанија на пример не се очекува дека партиите кои ги застапуваат интересите на Каталунците ќе излезат од парламентот и нема да учствуваат во политичката игра. Кај нас сеуште тоа се случува и претпоставувам дека во наредните четири години сите прашања ќе бидат апсолвирани и дека ќе имаме политичка култура која нема да биде вон институционална
пофалби често добиваме и однадвор, не може да ни се оттргне од погледот политичката култура на која и е оставено да ги практикува решенијата за хармонизирање на секогаш чувствителните односи на луѓето од различните заедници како и политичките фактори кои ги претставуваат во власта. Политичкиот аналитичар Жидас Даскаловски, се надева дека дебатата околу меѓуетничките односи ќе биде воспоставена и дека во некој разумен период ќе се постигне и ниво на политичка култура од примерот на познатите мулти етнички држави каде што политичките партии нема секој час да ја напуштаат политичката игра:

„Во Шпанија на пример не се очекува дека партиите кои ги застапуваат интересите на Каталунците ќе излезат од парламентот и нема да учствуваат во политичката игра. Кај нас сеуште тоа се случува и претпоставувам дека во наредните четири години сите прашања ќе бидат апсолвирани и дека ќе имаме политичка култура која нема да биде вон институционална.“

Водени пред се од борбата за власт, македонските политичари, додава професорот Хасан Јашари не ја употребуваат својата моќ која произлегува од добиените гласови на избори, туку за своите постапки одговараат само пред своите партиски лидери:

„Тука сите паѓаат на испит и Македонците и Албанците. Додека се на власт тие не размислуваат како да ги следат процесите туку повеќе размислуваат за идниот мандат.“

Ваквите политичари не работат во насока на смирување на тензиите, туку се борат пред се за партиските и личните интереси, додава Јашари. Од друга страна, како што вели Даскаловски, во наши услови сеуште не искристализираните правни и политички прашања од меѓуетничките односи сеуште претставуваат невралгични точки во институциите, па и во евро интеграциските процеси и од нив може сеуште да се очекува да произведуваат нестабилност и во институциите на власта. Сепак, според него, механизмите на политичкиот дијалог се воспоставени во земјава, па од тоа може да се очекува и тоа да продолжи со неопходното демократско созревање на политичките фигури, носители на власта.


XS
SM
MD
LG