четврток, април 17, 2014 Скопје 05:52

Македонија

Дом за стари лица во Куманово

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово по уреденоста на просторот, односот на персоналот со штитениците и по организираноста на нивното време, е еден од подобрите во државата.

Куманово Куманово
x
Куманово
Куманово
Големина на буквите - +
Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово по уреденоста на просторот, односот на персоналот со штитениците и по организираноста на нивното време, еден е од подобрите во земјава. Капацитетот е предвиден за 160 лица,а нив ги има од Куманово и од околината,но и од Скопје, како и од останатите делови од земјава. Штитениците кои со години живеат во домот не го кријат задоволството од престојот. Тие другаруваат меѓусебе, си ги раскажуваат сеќавањата од минатото, а не им недостасува ниту внимание од стручните екипи.

„Штом немам каде-задоволна сум.“
Некогаш не носат по манастирите. Јадење, пиење, секогаш е добро


„Можам да кажам дека директорката, сестрите, социјалката, негователките, сите се добри.“

За разубавување и за разбивање на монотонијата и едноличноста на деновите во домот често пати штитениците одат на еднодневни излети.

„Некогаш не носат по манастирите. Јадење, пиење, секогаш е добро.“

Подготвувањето на трите оброци е усогласено со критериумите воспоставени од лекарите.
Во кумановскиот Дом за стари лица функционира и геријатриско одделение во кое особено внимание им се посветува на тешко болните и неподвижните лица, вели директорката Мирјана Атанасовска.

„Минатата година имавме недостиг од сместувачки капацитет. Едниот од павиљоните го преуредивме и го опремивме за Геријатриско одделение, бидејќи имавме потреба за сместување на неподвижни лица. Минатата година тоа го реализиравме.“
Општа нега, здравствена заштита со набавување на лекарствата и 24 часовна лекарска нега


Атанасовска додава дека заинтересираноста за кумановскиот Дом за стари лица е голема,така само од Скопје моментно има 25 лица.Во Домот за штитениците е обезбедена:

„Општа нега, здравствена заштита со набавување на лекарствата и 24 часовна лекарска нега.“

Цената за целомесечен престој е 9 илјади и 600 денари.
Она по што овој дом се разликува од повеќето институции од ваков вид во државава,е тоа што за штитениците често се организираат театарски претстави, посети и програми подготвувани од децата од Детската градинка „Ангел Шајче“, од основците и средношколците,но и од невладините активисти. На крајот од летото штитениците се подготвуваат да го посетат Крушево.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Слушајте не:

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Борбени возила со руски знамиња во источна Украинаi
X
16.04.2014
Вооружени лица со маскирни униформи и борбени возила го запоседнаа градот Совјанск во источна Украина.
Видео

Видео Борбени возила со руски знамиња во источна Украина

Вооружени лица со маскирни униформи и борбени возила го запоседнаа градот Совјанск во источна Украина.
Видео

Видео Про-руските сепаратисти делат оружје

Градоначалничката на Словјанск изјави дека про-руските сепаратисти го одзеле оружјето од полицијата во градот и го делат на локални жители. Таа тврди дека мнозинството сака да остане во Украина.
Видео

Видео Сепаратистички лидер во Славјанск, Украина, бара помош од Путин

Вјачеслав Пономаров, сепаратистички про-руски лидер во источниот украински град Славјанск, на прес конференција побара од рускиот претседател Владимир Путин да им помогне.
Видео

Видео Јозет Тајхузен претставник на жените од Холандија во ОН

Се уште живееме во општество кое е доминирано од мажите, таков е случајот во Македонија, но тоа е исто и во Холандија и во други земји. Потребно време, потребно е време за да почне повеќе да се цени квалитетот на жените како бизнисменки, вели Јозет Тајхузен.
Видео

Видео Светот на РСЕ 14.04.2014

ТВ Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Повеќе