Достапни линкови

(Зло)употреба на Рамковниот Договор?


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

На 13-ти август се навршуваат осум години од потпишувањето на Рамковниот Договор. Според експертите за жал изминатите осум години, Охридскиот Договор без исклучок, од страна на секоја партија се користи за стекнување поени за дневно политички цели.

На 13 Август 2001 година во Охрид, по неколкумесечниот вооружен конфликт којшто имаше етнички предзнак беше потпишан Рамковниот договор. Осум години по неговото потпишување јасно е дека тое е централниот документ на чие барање денеска се усогласуваат ставовите меѓу заедниците и кој барем во овој момент се почитува како насока во која ќе се развива земјава во однос на мултиетничноста. Де факто тој е имплементиран речиси во целост, ако се земат предвид и отпочнатите процеси кои ќе се одвиваат и во наредните неколку години како што е задоволувањето на принципот на правична застапеност во јавниот живот или употребата на јазикот. Се издигна на ниво на догма, но се чини најмногу во корист на дневната политика. Партиите денеска стекнуваат поени врз толкувањето на одредбите и на нивната имплементација а особено врз толкувањето на заслугите за постигнатото. За реално постигнување на целите, се чини му недостасува политичка волја. Европската Унија на него гледа пред се практично и важноста од
Македонскиот етнос генерално ги следи трендовите и расположението во државата на главните политички партии што пак за жал според мене не го промовираат Охридскиот Договор
неговото имплементирање ја демонстрира внесувајќи ја во условите според чие исполнување Македонија ќе се вреднува позитивно или негативно за напредокот што го направила. Расположението на Македоците кон Рамковниот договор за разлика од она кај Албанското население и денеска, по осум години е сосема различно. Последните анкети тоа го изразуваат низ бројките од 24 % кај Македонците и 83% кај Албанците кои го поддржуваат договорот. Духот на губитници и добитници којшто сеуште е многу силен, според аналитичарот Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики е директно поттикнат од односот на најголемите партии од Македонскиот блок кон договорот.

„Македонскиот етнос генерално ги следи трендовите и расположението во државата на главните политички партии што пак за жал според мене не го промовираат Охридскиот Договор, како праведен Договор, туку најчесто го игнорираат. Значи македонските гласачи во ВМРО ДПМНЕ и СДСМ гледаат пример дека тој Договор не е праведен и дека не треба да се почитува и така соодветно реагираат во анкетите за јавното мислење.„

„За самата таа грешка на почетокот кога не се најде една заедничка вистина и заеднички бенефит од Рамковниот договор двете страни се поларизираа, така да секое позитивно толкување од другата страна се гледаше како нешто за што беа во конфликт.“

Додава аналитичарот Алберт Муслиу. Еден од креаторите на Рамковниот договор, професорот Љубомир Фрчкоски додава и дека најголемиот проблем е што македонските институции не стојат целосно зад договорот со што тој станува подложен на злоупотреба во функција на промовирање нови политички етно програми од страна на некои од албанските лидери.
За самата таа грешка на почетокот кога не се најде една заедничка вистина и заеднички бенефит од Рамковниот договор двете страни се поларизираа


„Охридскиот Договор во моментов нема кој да го брани. Го бранам јас, го брани амбасадорот Фуере, неколку луѓе надвор, но всушнот не го бранат вистински институциите. Е сега во таков момент најдобар договор може да падне, бидејќи договорот е сепак договор, тој е состојба на политичките вољи во даден момент, гарантирана од странство. Тој го решава проблемот со јазикот, доколку сакаат институциите да го решат, или прашањето на регрутација на националностите во администрацијата, ако го игнорираат, го кочат, во еден момент тој Договор ќе ,,пуке“.

Во сосема неочекуван период договорот влегува во една критична фаза, констатира Фрчкоски која не смее да се развива пред нашето зачленување во НАТО.
Рамковниот Договор е мртов, изјави Тачи во интервју за Радио Слободна Европа, објаснувајќи дека оваа изјава ја дава во смисла на неговата имплементација. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека секое растечко незадоволство кај Албанците во Македонија дури и кога доаѓа од сосема други, претежно социјални причини, политичарите го врзуваат за имплементацијата на Рамковниот Договор злоупотребувајќи ги реалните теми.

„Дневната политика сите овие теми толку ги користи и ги насочува во своја користи или за своите негативни позиции така што веќе имаме конфузија и кај албанскиот електорат во врска со неговата имплементација и неговата важност.“

Вели Муслиу.
Веднаш по победата на локалните избори, новиот гостиварски градоначалник Руфи Османи рече дека само реактуелизира една стара идеја кога ја приомовираше во јавноста тезата дека е потребен нов договор меѓу Македонците и Албанците кој всушност би бил договор за двонационална држава. Лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани како застапник на идејата за конечно наоѓање заеднички именител меѓу заедниците на последните претседателски избори, ја коментираше идејата на Османи со контратезата - да видиме најпрвин дали се исцрпени можностите за мултиетничка држава согласно Рамковниот Договор.

„И сите нови Договори во однос на етничките прашања, знаеме дека не така лесно се случуваат. За жал во светот не сме виделе внатре во некоја држава да има некое ново меѓуетничко уредување без некоја поголема или помала криза па и воена.“

Изјави Селмани чија партија го постави прашањето на допрецизирање на употребата на албанскиот јазик во Собранието во законот за Собранието токму во моментот кога на неговото итно донесување веќе чека и ЕК пред есенската оценка за напредокот на земјава. Од самиот почеток Рамковниот договор ја наметна дилемата и во стручната и во политичката јавност но и кај граѓаните пред се од македонска националност, дали овој договор значи вовед во федерализација на земјава. Ваква можност не се исклучува, велат аналитичарите што најмногу зависи од пристапот кон договорот кој според нив во ментов е неединствен.

„Се додека не се најде едно објаснување или еден пристап кон Рамковниот договор ниту една друга тема не е затворена. Вие гледате и меѓу албанските и македонските партии имаме различен пристап кон Рамковниот Договор. Ако нема еден пристап тогаш сигурно и други патишта се можни.“

„Тој во секој случај не би требало да влијае да се доведеме во ситуација политичкиот систем да стане федерален. Охридскиот договор
Се додека не се најде едно објаснување или еден пристап кон Рамковниот договор ниту една друга тема не е затворена
повикува на децентрализација и давање на ресури на заедниците, меѓутоа тоа кај нас се спроведе преку законот за територијална организација и давање поголеми ингеренции на локалната самоуправа. Принципот значи може да биде ист, со тоа што поврзување на одредени локални општини во региони би довело до создавање на федерални единки.“

Изјавија Муслиу и Даскаловски.
Во тој контекст Фркоски препорачува повисок степен на одговорност на властите и активна улога а пред се политичка волја која како што вели е клучна при реализацијата на целите предвидени со Рамковниот договор според него не смее да се отвара до влегувањето на макеедонија во НАТО кога тој би останал во историјата, а решавањето на правата би се одвивало на други начини.

„Договор ќе остане една добра историја за македонската дражава и фундамент реализиран во Уставот, но до тогаш отварање на Договорот е отварање на Пандорина кутија. Возможно е се, не е само јазикот прашање, воопшто генералната конструкција на државата ќе се отвори и тоа ќе биде напад на властите. Наместо поедноставно да се нападне програмата, ако не се задоволни било која партија на извршната власт и во неа да се каже што е она што отстапува од Договорот.“

Изјави Фрчкоски.
Рамкоцвсниот договор во времето на своето донесување беше промовиран како стабилизатотр на меѓуетничките тензии и тој на извесно, пред с еполтичко но и реално ниво на терен, ги смисри тензиите. Она што останува отворено е прашањето дали денеска меѓуетничките односи во земјава се наоѓаат пред подолгорочна и пред поизвесна стабилизација. Во македонското секојдневие термините од охридскиот договор како што се соживот, взаемност, споделување немаат гаранција за доследно следење. Настаните во струшкото средно училиште од почетокот на годинава ја поткопаа вербата дека во македонија соживотот профункционирал. Јана Петрушевска, претседател на здружението на раселени лица „Зора“ вели дека во Македонија денеска припадниците на етничките заедници живеат еден покрај друг, а не еден со друг.

„Неможеме да живееме заедно. Не затоа што ние не сакаме, туку затоа што тие несакаат. Влезете во Арачиново и ќе ви покажам: оваа куќа беше македонска, другата исто така, но сите ги продадоаа и си заминаа од Арачиново, по другите скопски села.“

772 лица живеат сеуште надвор од воеите домови, во колективни центри илчи кај свои роднини, убедени дека државата кренала раце
Договор ќе остане една добра историја за македонската дражава и фундамент реализиран во Уставот, но до тогаш отварање на Договорот е отварање на Пандорина кутија
од нив. Во очекување се а исходот од судските спорови за надомест на нанесената материјална штета од војната и сметаат дека власта сега се грижи само за реализација на оние одредби од Рамковсниот договор кои се однесуваат на правата на албанската заедница а не и на неколкуте точки од Договорот кои предвидуваат нивно враќање во домовите.

„Власта ги поддржува, им и тие раселени и ги вратија назад, вработија толку колку што требаше и повеќе од тоа. Знамето, јазикот.... Меѓутоа во врска со внатрешно раселените воопшто не се зборува дури како да има и забрана да се говори за нас.“

Вели Петрушевска пренесувајќи ја безнадежната комуникација со властите во која како што вели не постои разбирање на за реалната сосотојба и за стравот поради кој немаат храброст повеќе да живеат во своите села. На денот на деветгодишнината од спроведувањето на Рамковниот договор, кабинетот на воцепремиерот за спроведување на рамковниот договор, Абдулхаким Адеми ќе ја презентира анализата на спроведувањето на Рамковсниот договор. Според навестувањата тука значајно место ќе имаат забелешките по однос на пропорционалната застапеност на Албанците во државната и јавната админситрација со оглед на структурата на работните места , позициите и нивоата на работните места на кои се примаат новите вработени по принципот на пропорционалната застапеност. Овој принцип ќе биде цел на Владата и з ааредните години. За до крајот на оваа, најавени се 1000 нови вработувања. Ваквите вработувања во практиката се изложени на големи критики поради тоа што често го занемаруваат принципот на способност и квалификуваност за работата и се одвива преку партиските филтри:

И тоа ќе биде толку жестоко што може да се случи да едни албанци ги заменуваат други албанци во администрацијата. Едни албанци од една партија промовирани на сметка на албанци од друга партија, наместо вкупниот број да се зголеми на пример. И тоа и се случува, се деградиираат оние што биле вработени од ДПА, се унапредуват оние од ДУИ, тоа треба да се спречи преку отварање на конкурсите преку меѓународен мониторинг. Треба да влегуваат најдобрите, не треба да се спречат добри се конкурсите согласно Рамковниот Договор, тоа треба да продолжи, но мора да се мониторираат луѓето, да се се излезе надвор од партискиот филтер.“

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор за разлика од албанските партии во опозиција изрази задоволство од спроведувањето на рамковниот договор изјавувајќи дека до сега од него се спроведени 95 %. Генерално договорот има поддршка од мнозинството во јавноста, опозицијата но и во власта , заклучива Фрчкоски , но тоа не смее да се доведува во искушение поради игноранртски или неодговорен однос од вкластите за да се избегне мошне опасната можност поради стагнација и опасивност, и владејачката партија на Албанците да се приклони кон повиците од опозицијата и атмосферата која тие ја создаваат за потреба од промени во договорот што би отворило процес на сериозна криза во земјава.
XS
SM
MD
LG