Достапни линкови

ХАСАП систем за безбедна храна


Преку воведувањето на ХАСАП стандардите во производството и дистрибуцијата на храна, граѓаните сметаат дека ќе конзумираат здрава и безбедна храна. Но, засега само во поголемите маркети се внимава на спроведувањето на овој систем.

Со воведување на Хасап стандардите во производство и дистрибуција на храната, кумановци сметаат дека на тој начин ќе конзумираат здрава и безбедна храна. Добро информирани дека во големите маркети Хасап системот се применува на поголемиот број производи од анимално потекло,на пекарските и овошјето и зеленчукот, потрошувачите преферираат со храна да се снабдуваат таму.Хасап системот подразбира безбедно чување и дистрибуција на храната до потрошувачите, но и можност за пласман на странските пазари.Во големите
Без потврда од ветеринарен инспекторат и без печат месото не се прима во маркетот
маркети во Куманово Хасап веќе е во примена,а акцентот е ставен на контрола на производите.
Горан Трајковиќ менаџер во маркетот „Туш“ вели:

,,Маркетот „Туш“ со доаѓањето во Македонија, во Куманово со себе си донесе и свои стандарди кои веќе се имплементирани во нашиот систем. Прием на свежото месо се работи со мерење на месото пред истоварување на запазена температура каде што се води евиденција за отстранување на недостатоците или пак се враќа назад на доставувачот.“

Задолжително е производите да имаат и декларација, вели Трајковиќ.

,,Без потврда од ветеринарен инспекторат и без печат месото не се прима во маркетот.“

Хасап се применува на дел од пекарските производи,млекото и млечните производи и овошјето и зеленчукот.
Во големите маркети се запазени стандардите. Доколку не е така,надлежните треба да го контролираат тоа


,,Прием на овошје се врши на два дена,а секој час се врши контрола и се што не е добро се става во втора класа.“

Поголемиот дел од кумановци веќе се определиле за пазарење во големите маркети каде што Хасап постои:

,,Во големите маркети се запазени стандардите. Доколку не е така,надлежните треба да го контролираат тоа.“

Во Македонија до сега 40 отсто од компаниите го применуваат Хасап системот, исто толку се во фаза на имплементација,а 20 отсто се сеуште далеку од овие стандарди.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG