Достапни линкови

Доставување на аргументите за тужбата против Грција


Од последната посета на медијаторот Нимиц на Македонија
Од последната посета на медијаторот Нимиц на Македонија

Македонија денеска во Судот во Хаг ги доставува аргументите за тужбата против Грција поради кршењето на Времената спогодба за името.

Со евентуалното решение на спорот за името со Грција, Македонија ќе се доведе во ситуација да ја повлекува тужбата од пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, посочуваат дел од домашните експерти по меѓународно право.
Македонија денеска, во Судот, ги доставува аргументите за тужбата против Грција, поради кршењето на Привремената спогодба од 1995 со блокадата на поканата за Македонија за членство во НАТО, на минатогодишниот Самит на Алијансата во Букурешт. Содржината на документот, според правилата на Судот, не смее да се обелоденува, додека не започнат јавните сослушувања.
Професор Љубомир Фрчкоски вели дека Македонија, правно гледано, има основа за поднесување на тужба поради прекршување на
Ќе се доведеме во ситуација да мора понизно да ја повлекуваме тужбата, како дел од договорот, ако се договориме
времената спогодба, но дека нема политичка логика тоа да се прави, зашто Македонија мора да го реши спорот оваа година.

,,Ќе се доведеме во ситуација да мора понизно да ја повлекуваме тужбата, како дел од договорот, ако се договориме. Ако владата смета дека тужбата е само еден момент за избегнување на дoговорот, тогаш целиот политички притисок нема да биде избегнат одвнатре и нема да помогне тужбата, чии резултати ќе се дочекаат после три или четири години.„

Професор Мерсел Биљали вели дека сега, дури и да сака, на Македонија и е многу тешко да се повлече од тужбата.
Ние сме влезени во своевидна спирала и неможеме толку лесно да се повлечеме од тоа иако според мое убедување проблемот е политички и треба да се решава со политички средства, а најмалку може да се решава со правни средства


,,Ние сме влезени во своевидна спирала и неможеме толку лесно да се повлечеме од тоа иако според мое убедување проблемот е политички и треба да се решава со политички средства, а најмалку може да се решава со правни средства.„

Тој вели дека ако се реши спорот, тужбата ќе се повлече по автоматизам.

,,Сега негледам дека има некаков начин, некаква логика да се повлече тужбата без да се реши прашањето.„

Фрчкоски, пак, смета дека, со овој потег Владата само покажува нерационалност. Со ова тие сакаат „да и вратат“ на Грција, за ветото од Букурешт, вели Фрчкоски.

,,Меѓутоа тоа го прават на погрешен начин, наместо на обнова на нашитет позиции кај нашите пријатели, а тоа се Американците и некои европски земји.. Тоа е најдобриот начин на враќање на Грција, а не ова инатење со правни процедури во кои ние како земја во меѓународните односи сме во послаба позиција.„

Според пишувањата на домашните медиуми, Македонија, меѓу другото, го базира процесот и на изјави на грчки политичари дека ветото во Букурешт било подготвувано подолго време. Грција, пак, се брани дека во Букурешт немало вето, туку општа согласност од сите членки на НАТО, на Македонија да и се даде условна покана за членство, која ќе се активира кога ќе се реши спорот за името.
Професор Мерсел Биљали вели дека, поради силната меѓународна позиција на Грција, дури и аргументите да се на македонска страна, Судот ќе донесе компромисна одлука, со која ќе ги повика двете држави да ја почитуваат времената спогодба.

,,Одлуката на судот ќе биде, ,,ни риба, ни девојка.„

Досегашната судска пракса покажува дека целата постапка трае три до пет години. Според роковникот на Судот, по поднесувањето на македонските докази, на Грција ќе и бидат оставени шест месеци за да ги достави нејзините контра-аргументи. По добивањето на доказните материјали од двете страни, Судот треба да го одреди терминот за почеток на јавните сослушувања.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG